Брука: Бесплатниот промотивен материјал за Охрид се продава на туристите?!


Дел од туристичките работници го злоупотребуваат промотивниот материјал за Охрид кој бесплатно се дели преку Секторот за туризам и локален економски развој и го продаваат по цена од едно евро па нагоре, реагираат лиценцираните туристички водичи.

ohridТие велат дека гостите кои престојуваат на охридската ривиера на неколку наврати реагирале на оваа појава.

Инаку, туристички водичи од Охрид апелираат до надлежните институции да излезат на терен и да ја спречат оваа појава, која не оди во прилог на најголемиот туристички центар во земјава.

Туристичките водичи реагираат и на проблемот со нелиценцираните водичи, кои неовластено водат гости низ градот. На овој проблем тие укажуваат со години, посочувајќи дека неретко дивите водичи ги извртуваат историските факти пренесувајќи им на туристите информации кои тие сакаат да ги чујат, со што се прави непроценлива штета на градот и државата. Според лиценцираните туристички водичи, за да се спречи ваквата негативна појава, потребна е поголема контрола од страна на надлежните служби на терен.

OhridNews

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1