Брутално и болно: За да не се жени ја исценирал својата смрт


Британката Алекс Ланчестер не можела да го дочека денот да се омажи за љубовта на својот живот, додека тој пак, преземал се’ само да се извлече од венчавката.

Иако не замислувала дека ќе се омажи така млада, 23-годишната Алекс подготвила се` за свадбата со Американецот Такер Блендфорд, пишува „Мирор“.

life-partner-marriage-vedic-astrology-horoscopeНо, пет месеци пред големиот ден, добила повик со кој ја известиле дека нејзиниот вереник загинал во сообраќајна несреќа. Несудената невеста останала шокирана од сознанието дека Такер тајно боледувал од депресија и затоа се фрлил под автомобил.

– Добив повик од човек кој ми се претстави како таткото на Такер и ми кажа дека има лоши вести. Но, не звучеше како неговиот татко, туку како Такер, раскажува Алекс, која почнала да плаче додека се обидувала да сфати што се случило.

– Не можев да дишам. Целосно ме уништи, вели таа. Но, нејзината болка се претворила во бес откако ја повикала мајката на Такер како би дознала што навистина се случило.

– Ми кажа дека Такер е добро и дека не знае за што зборувам, како и дека мислела дека сме раскинале пред неколку месеци. Ништо не знаеше за свадбата, рекла Алекс, која од тогаш не разговарала со Такер и повеќе не сака да слушне за него.

– Мислам дека никогаш нема да му простам. Да се правиш дека си мртов за да не се венчаш е гнасно. Ако малку ме сакаше, како можеше да стори такво нешто? – се прашува Алекс.

Такер вели дека му е жал.

– Нема што да се додаде. Знам дека не требаше така да и` кажам, но не знаев што друго да направам. Јас сум грозна личност. Алекс е сјајна девојка, но се исплашив и сакав да ја прекинам врската, објаснува 23-годишниот Такер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1