СЕ` ПОВЕЌЕ ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА БОЛЕДУВААТ ОД СКОЛИОЗА


Се` повеќе деца имаат деформитети на рбетниот столб, предупредуваат ортопедите. Тоа, според нив, се должи на брзиот начин на живот и недоволните спортски активности. Децата повеќе сакаат да седат пред компјутер во затворена просторија отколку да се рекреираат и да се занимваат со одреден спорт, вели доктор Иванка Стефановска. Дополнителен проблем за појава на сколиози и кифози се и тешките чанти полни со книги.

skolo decaЕден од начините за лекување на ова заболување на 21 век кај младите е и хируршкиот зафат. На клиниката за ортопедија пред два дена е извршена  операција на `рбетен столб  со нова метода која се изведува со импланти-шрафови директно во пршлените и на тој начин се врши исправување на деформитетот.

Хируршкиот зафат е применет врз 15 – годишна пациентка, а интервенцијата била извршена со помош на хирург од Турција, изјавија министерот за здравство Никола Тодоров и д-р Нерон Поповски.

Засега интервенциите ќе се изведуваат со доктори специјалисти од Турција, додека не се создадат услови македонскиот тим на лекари да започнат самостојно да ги извршуваат оперативните зафати. Една ваква хируршка интервенција во странство чини до 50 илјади евра, додека во Македонија цената се движи до 7 илјади евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1