Брутално претепан малолетник во дискотека во Кочани


Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против А.С.(22) од Кочани поради постоење основано сомнение зa сторено кривично дело „насилство“.tepacka3

На 7.овој месец во дискотеката „Аква “ во Кочани пријавениот извршил грубо насилство врз седумнаесетгодишен малолетник од Кочани.

Тој го удирал малолетникот со тупаници во пределот на главата, нанесувајки му телесни повреди, со што кај останатите присутни во дискотеката предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1