Страотно убиство се случи во околината на бразилската престолнина, кога напаѓач со истрели од пиштол убил момче кое во тој момент во скутот држел дете.
Камерите за надзор го снимиле бруталното убиство, кога Тијаго Сантос Соуза (28) седел со тригодишната ќеркичка во кафуле, а непознат тинејџер се доближил и ладнокрвно пукал во него.
Тијаго е убиен на самото место, а неговата ќерка му паднала од прегратката и почнала да вреска.
Мотивите за ова брутално злосторство не се откриени, а убиецот е уапсен ден подоцна и единствено што за него досега се знае е дека има 17 години.