Брутално убиство во Австрија- Србин со нож ги распарал жена му и нејзината сестра, па ги газел


Во австрискиот град Капфенберг, Србинот Р.Р. ја убил на улица неговата сопруга и нејзината сестра.

Сестрите имале, едната 30, а другата 29 години. Убиецот е сопруг на постарата жртва.ubistvo

Убиецот, како што беше објавено, ја чекал жртвата пред еден трговски центар и кога неговата жена се поајвила со сестра и тој почнал безмилосно да ги боде со нож, а потоа и да скока врз нив.

Постарата жена е мајка на три деца, а нејзината сестра, мајка на две деца.

Бројни сведоци на двојното убиство ја информирале полицијата, која го уапсила убиецот не е далеку од местото на злосторството на бензинска пумпа.

Според првичните информации, мотивот за злосторството е разводот на брачниот пар кој убиецот не можел да го прифати. Неговата сопруга го оставила две недели пред убиството.

Тој за време на апсењето, изјавил дека убиствата ги извршил под дејство на алкохол и дрога.

Сведоците тврдат дека тој извршил многу свирепо убиство, двете жени не само што ги прободел со нож, туку и скокал врз нивните тела. Жените при нападот се здобиле со бројни прободи со нож.

Во нападот врз жените е повреден еден човек кој се обидел да им помогне на жртвите.

Во текот на утрото тој објавил дека ќе направо злосторство велејќи: “ Денес ќе слушнете за мене”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1