Педофилски скандал во Србија: Функционер ја сликал ќерката гола


Девојчето на фотографиите наводно е ќерка на функционер од југот на Србија, а автор на сликите е токму тој.

Вознемирувачко писмо и во најмала рака монструозни и изопачени фотографии на кои најексплицитно е прикажано сексуално искористување на девојче вчера му ги проследил Фондот за хуманитарно право на Блиц, во писмо доставено од анонимен испраќач.blic-pedofilski-skandal

Писмото било потпишано од „загрижени граѓани“ од една општина од југот на Србија, кои изнеле најтешки обвинувања на сметка на еден тамошен функционер. Имено, испраќачите тврдат дека сексуално искористеното девојче на фотографиите е малолетната ќерка на тој функционер, а дека автор на фотографиите е самиот тој.

Девојче кое позира во најексплицитни пози додека од крајот на фотографијата ѕиркаат раширени машки нозе не предизвикуваат ништо освен мачнина и згрозување.

Како што тврдат авторите на писмото, за таткото педофил, но и за оваа порнографија знае целиот град, а наводно постојат уште многу вакви материјали кои сведочат дека овој монструм се изживувал врз детето.

Фондот за хуманитарно право го известил надлежното обвинителство и му го испратил целиот материјал, а Блиц ја информирал полицијата.

Дали се автентични фотографиите и дали на нив навистина се наоѓаат актерите за кои се тврди дека се, најверојатно ќе се знае денеска, кога полицијата ќе ги изврши неопходните проверки.

Идентитетот на обвинетиот педофил ѝ е познат на редакцијата на Блиц.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1