- 250 мл слатка павлака
- 1 поголемо парче лубеница
- 50 гр чоколадо
- прстофат цимет
Се вадат семките од големото парче лубеница (отприлика 1/8 од целата лубеница) и се блендира. Во сад се става во фрижидер.
Се мати слатката павлака додека не стане цврста.
Чоколадото се става во блендер и се додава во слатката павлака. Се миксира заедно.
Го земаме садот во кој е изблендираната лубеница и течноста со пулпа ја додаваме во слатката павлака. Се додава прстофат цимет за шмек, се миксира и смесата се става во замрзнувач. Не му треба долго за да е готово за јадење.