Брза помош не сакала да испрати кола за Дуле – морало да ургира министерот, вели сопругата на пејачот


Сопругата на Дуле, за весникот раскажува дека во саботата на познатиот пејач му се слошило. Качил висока температура и морале да побараат Брза Помош, пишува весникот Вест.

dule-svadba-300x168“Дуле не беше добар. Вирус, висока температура, треска. Се јавив во Брза помош и им реков: Една кола во Аеродром, мојот сопруг не е добар. И од 194 ме прашаа што му е, јас реков висока температура, не може да оди.

Господинот од таму ми вели дека за таква работа кола не праќаат. Откако му реков дека не може да оди, ми одговори да се снајдеме, „Однеси го во Јане Сандански“. Немав избор, го фатив за рака, и ќерка ми беше со нас, ама Дуле исчекори два чекора и падна. Собрав некако сила, го вратив назад и му пишав на министерот Тодоров за случајот.

Не го познавам лично, ама има слушано зборови од Дуле дека е многу добар човек. Го најдов бројот кај Дуле во телефон и му раскажав се. Не поминаа ни 5 минути, ми се јави директорката на Државна, ја известил Тодоров, и таа се погрижи за се“ – вели сопругата на Дуле за весникот Вест.

Весникот не успеал да добие потврда од министерот Тодоров дали навистина ургирал во случајот со Дуле.

Целосниот текст можете да го прочитате во електронското издание на Вест

DuleНА ДУЛЕ МУ ОТКАЖАЛЕ ОРГАНИТЕ – ПОЧИНАЛ ОД РАК НА ЦРНИОТ ДРОБ
САМО ПЕСНА МИ ЗАТВАРА РАНА – ИМАШЕ ГОЛЕМИ ПЛАНОВИ, СМРТТА НЕ ДАДЕ ДА ГИ РАЛИЗИРА – ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ДУЛЕ И КОКИ (ВИДЕО)
ДУЛЕ УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО РОДНИОТ ГРАД ШТИП

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1