Будење за време на целосна анестезија се случува во една од 19.000 операции, а според искуството на луѓето, најлош дел е чувството на парализа, гушење и страв.
– Мислев дека повеќе нема да можам ништо и дека лекарите извадија се од мене, освен душата, слушнав како сечат, но не можев да се мрднам ниту да пуштам глас – само се некои од морничавите приказни за искуствата на будење на операциска маса, пишува Фокс Нуз.
Доаѓањето при свест во текот на операција не е нов поим, а ова е само една од морничавите приказни на пациенти, тврдат научниците од Универзитетот Оксфорд, кои во првата студија анализирале вистински случаи на 300 пациенти.
Според нив, свесноста во тек на операција се случува во еден од 19.000 случаи, а најлош дел од тоа искуство е чувството на парализа, а не на самата болка.
Пациентите тврдат дека не чувствувале болка во својот полн интензитет, туку чувство на затегнување и гушење. Освен тоа, за повеќето непријатно искуство било и слушањето како зборуваат лекарите, било да го коментирале самиот пациент или текот на операцијата.
До будење во тек на операција најчесто доаѓа поради недоволна доза на анестетик или пак отпорност на организмот на лекови, а искуството на будност обично трае околу пет минути, известија истражувачите.
Sitel