Будисти тврдат дека Стив Џобс е реинкарниран во “филозоф-воин”


Инженерот на компанијата”Apple”, Тони Кунг, преку е-маил побарал од будистичка група од Тајланд одговори за тоа што се случило со неговиот поранешен шеф Стив Џобс,откако минатата година по долгата битка со ракот,  го напуштил овој свет. Тој, од будистите добил изненадувачки објаснувања за животот по смртта на основачот на „Apple“.

Будистите од храмот Дамакај во специјална телевизиска програма соопштиле дека Џобс се реинкарнирал во небесен „воин-филозоф“ и живее во мистична стаклена палата, која лебди над неговата поранешна канцеларија во Купертин, седиштето на “Apple“ во Калифорнија.
-По смртта Стив Џобс, повторно се инкарнирал во небесно суштество со особено знаење и смисла за наука и уметност, тврди Пра Чаибул Дамаџајо, старешина во храмот Дамакај, кој се наоѓа северно од Банкок.

Тој тврди дека суштеството што некогаш било познато како Стив Џобц, доста време минува во стаклена палата, која наликува на продавница на Епл. Таму го служат 20 слуги, или „добри духови“.
Реинкарнираниот Џобс спие на постела што лебди, а штом помисли на некоја музика, истата ја слуша. Доколку пак огладни, слугите му ја носат највкусната храна.
-Сè е високотехнолошко, преубаво и едноставно, токму како што сака тој, и исполнет е со големо чудење и пријатна возбуда, изјавил будистичкиот свештеник.

Занимавањето на 68-годишниот Пра Чаибула со феноменот на Стив Џобс воопшто не е изненадувачко. Голем број Тајланѓани се добро информирани за интересирањето што Џобс го покажувал за будизмот, а неговите биографии се преведени и на азиските јазици и имаат посебни полици во книжарите.
Мотото на Епл за користење на технологијата за зближување на луѓето, совршено се совпаѓа со учењето на монасите од храмот Дамакај, кои проповедаат будизам насочен кон овој свет кој е пријателски настроен кон технологијата. Будистите ги учат своите верници дека не е грев да се биде богат.

Tags: , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1