Прва жртва во Србија од вирусот „Западен Нил“


На Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, била донесена 60 годишна жена во многу лоша здравствена состојба, која починала од вирусот наречен „Западен Нил“.

Бројот на инфицирани лица кај кои е потврден овој вирус е зголемен, и изнесува 21.
– Жената која од болницата во Панчево е префрлена на одделението за инфективни болести во Белград беше во тешка здравствена состојба. Кога ја донесоа таа не можеше ниту да зборува. Се претпоставува дека таа била хроничен пациент чија примарна болест била дополнително загрозена од вирусот Западен Нил – вели анонимен извор за српскиот портал Pres.

Од институтот “Torlak”, во кој се врши дијагностицирање на вирусот во крвта на пациентите, велат дека првиот случај бил потврден уште на 18 јули и оттогаш е евидентиран вкупно 21 случај на заразени.
Тешкиот облик на болеста се развива кај еден во 150 случаи.

– Сите лица кај кои е потврден вирусот се на возраст од 52-82 години и најчесто тие имале неуроинванзивна форма на болеста, или воспаление на менингите – менингитис. Освен едно лице кое изјавило дека има постојан престој во Германија, останатите пациенти кај кои е потврден вирусот не дале информации за тоа, дали во последните две недели престојувале во странство. 12 пациенти, кај кои постои сомнение, но сеуште не е потврдено дека се заразени од овој вирус, не патувале во Грција, Македонија и Црна Гора објаснува д-р Јелена Обреновиќ, специјалист по епидемиологија и шеф на Одделот за превенција и контрола на заразни болести во институтот “Batuta”.

Оваа болест се карактеризира со воспаление на мозокот (енцефалитис) и нема никакви карактеристики кои ја разликуваат од другите видови енцефалитис, поради што е неопходно да се направат повеќе лабораториски тестови.
Овој опасен вирус не се пренесува преку контакт меѓу луѓето. Едно лице може да бидат инфекцирано само ако е каснато од заразен комарец, а симптомите се јавуваат 3 до 14 дена по заразувањето.
Болеста се манифестира со треска и главоболка, вкочанетост на вратот, дезориентација, кома, замор, конвулзии, мускулна слабост и парализа.

Share Button

Tags: , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1