Бугарија до земјите од ЕУ: Македонците се проект на Тито, јазикот е дијалект на бугарскиот


Бугарија испратила објаснувачки меморандум со услови до земјите членки на ЕУ за евроинтегративниот пат на Македонија. Официјална Софија бара поддршка од нив за својата позиција во однос на македонскиот идентитет и јазик.

Како што пренесува РСЕ кои имале увид во документот во него биле наведени неколку тврдења дека македонската нација е творба на Тито, а македонскиот јазик бил норма на бугарскиот.

Македонскиот јазик или етничка група не постоеле до 02.08.1944. Нивното создавање е дел од целосната изградба на одделен небугарски идентитет чија цел била да се прекинат врските меѓу населението на тогашната Социјалистичка Република Македонија и Бугарија, пишува во меморандумот.

Во документот од 6 страници е наведено дека составен дел од преговарачката рамка треба биде спроведување на билатералните договори кои ќе се содржат во поглавјето 35 а за што земјите членки ќе треба да проценат дали се ефикасно исполнети.

Бугарија уценува со уште еден услов кој се однесува на малцинствата а без кој тие нема да дадат зелено светло за било кој нареден чекор во преговарачкиот процес на Македонија. Согласно условите кои ги нудат, не е можно исполнување на условите за регистириање на македонско малциснтво во Бугарија.

Позициите на Софија повторно се актуелизираа во време кога амбасадорите на земјите членки разговараат во Брисел за преговарачката рамка. Бугарскиот претставник истакнал пред нив дека Бугарија нема да дозволи влезот на Македонија да биде користен како платфора за македонизам базиран на антибугарска идеологија.

Усвојувањето на преговарачката рамка се очекува да биде донесено до 6 октомври а според најавите на Германија која претседава со унијата, планот е до крајот на годината да биде одржана првата меѓувладина конференција со која ќе се означи старт на преговорите за зачленување.

Sitel.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1