Бугарските цариници не можеле да поверуваат на морбидната идеја на шверцерите, во мртовечки сандаци да шверцуваат цигари. Кога ги отвориле ковчезите пронашле големо количество на цигари.
Шверцерите ковчезите ги пренесувале преку граница со лажни амбулантни и мртовечки возила, така ги пренесувале и низ Бугарија.
Запленетите цигари се во вредност од 8 милиони лева, односно четири милиони евра. Полицијата ги бара организаторите, се сомневаат дека мозоците на операцијата се познати имиња на „високи позиции”.