Ослабела 76 килограми, а јадела се



Сакам вистинска храна како што е месо, пити и се со компири и од тоа не морав да се откажам

Лондон- Клер Алсоп, мајка на две деца, прогласена е за жена на годината од страна на Слиминг Ворд затоа што успеала да симне 76 килограми и сега има 63.

Оваа организација е основана во 1969-та, од страна на Маргарет Мајлс-Брамвил со цел да им помогне на оние кои цел живот се борат со дебелината.

Имено, по бременоста Клер се здебелила до 139 кг. Со диетата и тренингот ослабела 76 килограми. Меѓутоа тоа би била само една класична приказна да не би била изложена на својот најголем порок – колачите.

Клер подготвувала торти за прјателите и семејството и тоа представувало проблем. Меѓутоа, решила дека е време за промена откако докторот и рекол дека мора да почне да размислува за иднината затоа што постои опасност дека нема да ги види нејзините деца како растат.

„ Имав сериозни здравствени проблеми, а немав ниту 30 години. Грбот ме убиваше од болка по 10 минути стоење. Почнав да размислувам за мојот 40-ти роденден и како ќе изгледам тогаш“, вели Клер.

Дознала за така наречениот оптималн оброк со кој и понатаму би можела да ужива во својата омилена храна, а притоа да продолжи да ги губи килограмите.

„ Им кажувам на луѓето дека ослабев со јадење. Сакам вистинска храна како што е месо, пити и се со компири и од тоа не морав да се откажам. Едноставно морав да ги припремам на поинаков начин.“

„Не сакав да им се потсмеваат на моите деца поради мојата тежина. Сега веќе можам да учествувам во нивните животи“, заклучува Клер.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1