Бугарија упати оклопни возила на границата со Македонија


Бугарија упати оклопни возила на четирите гранични премини, за да зајакне границата со Македонија, поради големиот прилив на бегалци, соопшти денеска бугарскиот заменик-министер за одбрана Николај Караиванов, пренесе МИА.

Во оваа етапа, граничните премини ги зајакнуваме од превентивен карактер, изјави тој за бугарското радио.

bugarija granica

Караиванов истакна дека оклопните возила се испратени на граничните премини со Македонија за да се пружи поддршка на граничната полиција и оти, засега, упатени се 25 војници со оклопните возила, а нивниот број може да биде зголемен, доколку тоа го бара ситуацијата.

Досега Бугарија ја зајакнуваше и својата југоисточна граница со Турција, каде испрати над 1000 полицајци и изгради 30-километарски ѕид покрај границата.

– Не се планирани заеднички патроли на војската со граничната полиција, истакна бугарскиот заменик-министер.

Досега Бугарија ја зајакнуваше и својата југоисточна граница со Турција, каде испрати над 1000 полицајци и изгради 30-километарски ѕид покрај границата.

– Mинистерка за внатрешни работи на Бугарија, Румјана Бчварова, за тамошната телевизија Нова изјави дека Бугарија не очекува да биде зафатена од мигрантски бран.

Таа истакна дека зeмјата ја следи ситуацијата и наведува дека ризикот за пренасочување на рутата на мигрантите преку Бугарија е многу мал, бидејќи, според Даблинскиот договор, ако и заминат кон други ЕУ земји треба потоа да бидат вратени во Бугарија. А тие не го сакаат тоа.

– Во Турција има два милиони бегалци, но притисокот оттаму не стигнал до нас. Проблемот е во Грција, затоа што таму не се регистрираат, истакна бугарската министерка, додавајќи дека на тој начин во Европската унија меѓу мигрантите можат да влезат и џихадистички борци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1