Бугарин крадец на автомобили стана советник во BMW


Крадец на скапи автомобили стана платен советник во водечката германска автомобилска марка BMW. По серија на автокражби во Виена, овој 32 годишен Бугарин првично бил ангажиран од BMW, но подоцна станал и советник на полицијата и германска осигурителна компанија, соопшти поранешниот шеф на криминалното биро во полицијата во Виена, Максимилијан Еделбахер, објавија бугарски медиуми.

kradec koli– Овој човек е компјутерски гениј, кој со изработен некаков магичен уред, долг околу 2-3 сантиметри, отвораше скапи лимузини за помалку од 5 секунди – изјави Еделбахер кој е гостин на Меѓународниот симпозиум на полициските раководители во Софија.

Откако почна истрагата против 32-годишниот маж, тој се принудил да соработува со осигурениците и автопроизводителите.

Од крадец на автомобили, Бугаринот во моментов е еден од најпрофитабилните во консултантскиот бизнис, и продава know-how, при што ги штити автомобилите од кражби.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1