Неделко Карев од Бугарија доживеа шок кога телефонски закажал средба со проститутка, а му се случило нешто што не можел да го предвиди ни на сон.
Карев е работник во магацин, додека неговата сопруга Наѓа работи како касиерка. Пред една година му рекла да оди на курс по англиски, а всушност „тезгарела“ како проститутка. Се подоцна доаѓала дома, а тој се чувствувал се позапоставен. Утеха прво побарал во порнофилмовите и интернет страниците за возрасни, а потоа одлучил да се „почести“.
Во весниците нашол оглас за „масажа“, договорил средба со проститутка и се согласил да плати 150 евра.
Средбата е договорена во еден хотел, но кога во договореното време ја отворил вратата ја здогледал Наѓа, неговата сопруга.