Новата девојка на принцот Хари под полициска придружба


Глумицата Меган Маркл првпат се појави во јавност откако е објавено дека е во љубовна врска со британскиот принц Хари.

Триесет и пет годишната убавица е фотографирана пред својот дом во Торонто додека влегувала во автомобил. Покрај неа постојано се наоѓал полициски автомобил.hari44

Медиумите пренесуваат дека Меган веќе ја имала честа да се запознае со членовите на британското кралско семејство.

Таа во септември присуствувала на прославата на 32-от роденден на Хари во Балморал, кралскиот имот во Шкотска.

Извори блиски на двојката тврдат дека Хари има сериозни намери и лесно би можело да се случи наскоро да ја побара Меган за сопруга.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1