Бугарите преку Facebook во борба против полицајците (Фото)


Илјадници Бугарски државјани се придружија на групата на Facebook со собирање на фотографии, во кои јасно може да се забележи кршењето на правилата на локалната полиција, додека истата е на должност.


Полицијата на нашиот источен сосед одреден временски период е предмет на посебен мониторинг од страна на ЕУ, за неуспехот да се справи со корупцијата и организираниот криминал.

Facebook страната која била креирана пред една недела, досега има повеќе од 8000 членови, со стотици наводни инкриминирачки фотографии.

Повеќето шоумени полицајци ги зафаќале паркинг местата за хендикепирани и спиеле во текот на работното време. Некои од фотографиите покажуваат сериозни прекршувања, како на пример фотографии во кој се гледа полицаец зад воланот какодржи отворено шише со алкохол, додека друг со својот мотор изведувал опасни акробации, возејќи на погрешната страна од автопатот. На некои од фотографиите се напишани коментари за тоа дека на истите се наоѓаат луѓе од законот кој што барале мито.


Долготрајната фрустрација за однесувањето на полицијата во Бугарија, еруптираше во јули, кога Бојан Максимов, фотографирал тројца редари на законот како спијат во патролното возило.
Фотографијата стана симбол на однесувањето на полицијата и се прошири низ социјалните мрежи како „шумски пожар“. Максимов стана предмет на различни стории и по националната телевизија.

Од објавувањето на фотографијата Максимов тврди дека постојано бил малтретиран од страна на полицијата во неговиот роден град Варна. Тој постојано бил следен од нив, а му биле пишувани казни поради тоа што не носел личен документ со него додека го изнесувал ѓубрето од својот дом, или пак не носел ременче додека го шетал неговото куче.

Скандалот доби нов тек, кога портпаролката на полицијата, Калина Пенчева, на национална телевизија го нарече Максимов будала и селанец кој немал никаква работа и сето ова го направил од чиста досада.
Првично ваквите коментари беа несанкционирани, но како што бесот нараснувал, Пенчева била суспендирана се со цел да не и наруши на угледот на полицијата.

Бугарија не успеа да ги искористи на вистински начин придобивките од приклучувањето кон Европската унија, процес кој заврши пред 5 години и реално е очекуван растот на незадоволство од ваквиот развој на земјата.

Бугарија останува најсиромашна земја во ЕУ, а според „Транспареси Интернешнал“ се гледа по нејзините граѓани дека станува збор за најкорумпираната земја, од која било друга држава во ЕУ.

Корупцијата се гледа како главна причина во неефикасноста на вршење на должноста на полицијата.
Во претходниот извештај на ЕУ било напишано дека работата на полицијата резултирала со намалување на јавната доверба во јавните институции и политичкиот систем, повреда на основните права и слободи на граѓаните, пречка на економскиот раст, како и ограничување на економската слобода и претприемништво во избраните економски секотори.

Бугарија летово падна на последниот тест за корупција и сега ќе биде под посебен мониторинг барем до крајот на 2013 година.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1