Трагедија на фудбалски натпревар: Мал голман настрада кога голот падна на него


Кејси Бриз (11), додека играл фудбал со другарите бил на позицијата голман. За време на играта, неговата копачка се заплеткала во мрежата и кога момчето се обидело да се ослободи, тешката конструкција на голот паднала врз него.


Кејси успеал да се излече, но за жал не можел да дише. Тој брзо бил префрлен во болницата, каде им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила на фудбалскиот терен на кој што головите биле постари повеќе од 20 години.

Металната конструкција на голот не била обезбедена и зацврстена на тлото, а мрежата била недоволно затегната премногу била блиску до позицијата на голот.
„Кејси беше прекрасно дете, енергично, забавно, полно со живот. Сите го сакаа“, зборуваа неговите родители. Истрагата за овој случај е во тек.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1