Кина забрани гулаби, пинг понг топчиња, рачки на такси од возилата


Како што се приближува почетокот на конгресот на Комунистичката партија на Кина, властите на Пекинг ги засилија мерките на безбедноста на градот, од кои некои од нив можат и да се окарактеризираат и како бизарни.

Постојат наговестување дека од продажба се повлечени куњските ножеви, оштрилките на моливите, а низ градот се слушаат и гласни дека органите на редот ги контролираат оние за кое се смоневаат дека во пинг-понг топчињата им ставаат некакви контрареволуционерни пораки.

На таксистите им било пренесено да ги тргнат рачките за отворање на вратата и прозорците од внатрешната страна на возилото, а од патниците да побараат да потпишат „спогодба за превоз“, со која ќе им биде загарантирано дека ќе ги избегнуваат осетливите делови од градот и да не отвораат врата и прозори додека минуваат покрај местата каде што ќе се одржи „значајниот настан“.

На сопствениците на гулаби им стигнало упатство од властите, да своите љубимци, во денот на конгресот, да мораат да ги држат во кафезите. На црната листа се забележани и балоните, а купувањето на децките играчки – авиончиња на даљечински управувач, е строго контролирано.

Имено, Глобал тајмс напишал дека неименуван полицаец во округот Чаојанг, изјавил дека оние кои што сакаат да купуваат авиони, во време на одржувањето на конгресот, мора прво да се регистрираат во локалната полициска станица и да добијат одобрение дека можат да го купат посакуваниот модел, а во истата прилика мораат да покажат лична карта или пасош. Меѓутоа и во тој случај не смеат да го пуштаат авионот во градот.

Во спроведувањето на повеќето планирани мерки за безбедност од страна на полицијата, кои започнаа уште вчера со заседанието на Централниот Комитет на партијата во Пекинг, се вклучени околу 1,4 милиони доброволци.
Групата за заштита на човековите права соопштија дека опозиционите активисти и познати потписници на различни петиции се веќе приведени пред конгресот. Тоа е направено и во минатото, но некои од сегашните превземни мерки, укажуваат на тоа дека властите не сакаат да остават ништо на случајот.

На популарната друштвена мрежа, Сина Веибо, слична на „Twiter“, веќе биле блокирани зборовите за пребарување на „партиски конгрес“. Досетливите корисници на мрежата можат да ја заобиколат блокадата со луцидно одбирање на карактерите кои не личат на знаците на конгресот на партијата.
На 18-от Конгрес на Комунистичката партија на Кина, кој започнува на 8 ноември, ќе биде избрано новото партиско раководство, кое ќе ја води најнаселената земја во следните 10 години.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1