Бугарката кршела тапани поради неуспехот на Евросонг


elitsa

Бугарската претставничка на Евровизија, Eлица Тодорова по неуспехот на втората полуфинална вечер во Малме ги кршела инструментите, пишува српски „Курир”.

Eлица Тодорова најпрво со нога го удрила тапанот, но кога не успеала да го искрши почнала да го фрла по што успеала комплетно да го искрши. На заминување си го земала искршениот тапан со себе.

Дека Елица тешко прифатила дека не влегла во финалето пишуваат и бугарските медиуми – таа не сакала да зборува со новинарите била дрска, а според некои извори и викала и користела пцовки во соблекувалната, па никој од делегацијата и бендот не сакал да и се доближи додека не се смири.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1