Нема леб овде, им порачуваат Бугарите на мигрантите кои доаѓаат во оваа земја. Маршутата на бегалците од Блискиот исток, пред се` Сирија, најчесто е правец Грција-Македонија-Србија-Унгарија. Меѓутоа, Бугарите за секој случај ги известуваат бегалците за состојбата во земјата.
На еден граничен премин Бугарите поставиле табла со која сугерираат дека во нивната држава не ги чека мед и млеко.
– Драги мигранти, добредојдовте во Бугарија! Нема работа. Нема пари. Нема иднина. Вратете се назад. Фала, пишува на билбордот.