Бугарската Влада го усвои Меморандумот за поевтин роаминг со Македонија


Бугарската Влада денеска го усвои Меморандумот меѓу владите на Македонија и Бугарија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги, соопшти прес службата на бугарската Влада.

Меморандумот на заедничката седница во Струмица, на 23 ноември минатата година, го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и бугарскиот министер за транспорт и информатички технологии, Ивајло Московски.

Документот овозможува регулаторните тела на двете држави да почнат процедура со која ќе ги поттикнат операторите да склучат договори за пониски цени при разговор, пораки и интернет во роаминг.

Во моментов роамингот меѓу двете земји е меѓу поскапите во Европа и изнесува меѓу 1,5 и 3,5 евра за минута, односно околу 12,5 евра за мегабајт (МБ).

Македонија е првата држава од Западен Балкан со која Бугарија склучи меморандум за намалување на цената на роамингот.

Намалувањето на цените на роамингот со земјите од Западен Балкан е меѓу приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ, соопшти прес службата на бугарската влада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1