Бугарски војник си ги убил сопругата и децата, а потоа и себе си (Видео)


Бугарската полиција пронајде безживотни тела на четиричлено семејство во една куќа во местото Филиба, кое се наоѓа на 140 километри од главниот град Софија.


0000178144-article2-600x320Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се пронајдени телата на еден 32-годишен маж, неговата четири години помлада сопруга и на двете деца од осум и три години.
Името на мажот не е објавено, но е потврдено дека тој служел во воената база Змејово. Покрај неговото тело бил пронајден и регистриран пиштол.
Се претпоставува дека мажот ги убил сопругата и двете деца, а потоа и самиот си го одземал животот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1