100те најбогати лани заработиле доволно за да ја прекинат гладта во светот – но!!


Во 2012 година, 100 најбогати луѓе на планетава заработиле неверојатни 240 билиони долари, доволно пари да се стави крај на сиромаштијата, за повеќе од четири пати, во услови во кои што сега живеат и најранливите категории на луѓе. Глобалната економска криза дополнително го има зголемено трендот на богатење на супер – богатите.

afp-al-rubaye-ahmad-photo.n„Најбогатиот 1% на граѓани ги зголемиле своите приходи за 60% во последните 20 години преку финансиската криза, која наместо да го забави ваквиот процес, истата го забрза. Забележан е неверојатен раст, особено кај оние на врвот на оваа листа која ја сочинуваат околу 0,01%.
Луксузните стоки на пазарот доживеаа двоцифрена стапка на пораст секоја година од почетокот на кризата.

И додека 100 најбогати луѓе во светот дополнително ги зголемуваат своите приходи, голем дел од светската популација живее на работ на екстремната сиромаштија со помалку од 1,25 долари на ден.

Ова е извештајот на една од водечките меѓународни филантропски организации во светот Оксфам. Според нивниот извештај цената на нееднаквоста не погодува сите, а екстремната концентрација на богатство всушност ја попречува способноста на светот да ја намали сиромаштијата.
Извештајот бил објавен една недела пред одржувањето на Светскиот економски форум во Давос. Во истиот се повикуваат сите светски лидери да им стават крај на екстремното богатење на елитите, до 2025 година и да се избалансира брзиот пораст на нееднаквоста, каде што во поголемиот дел од земјите е значително зголемена во последните 20 години.

krizaИзвештајот на Оксфам тврди дека екстремното богатење е неетичко, економски неефикасно, политички корозивно, потикнува социјални поделби и еколошки деструкции.
Проблемот е глобален. Само во Велика Британија нееднаковоста на сите нивоа е забележителна уште од времето на Чарлс Дикенс. Во Кина првите 10 % од најбогатите располагаат со 60% од кинеските приходи и истата е слична на онаа во Јужна Африка каде што нееднаквоста е измерена како најголема во светот, а особено е зголемена по крајот на апартхејдот.

Во САД, најботиот слој од 1% го дуплирале споделувањето на своето богатство од 1980 година, од 10 на 20%. На оние од врвот кои сочинуваат само 0,01%, нивниот удел на националниот доход го зголемиле четрикратно, достигнувајќи ниво кое никогаш досега го немало.
„Не можеме да се преправаме дека создавањето на богатството за неколкумина, ќе биде од бенефит за поголемиот дел од популацијата. Многупати се покажало дека токму спротивното е вистина“, вели извршниот директо на Оксфам Џереми Хобс.

hands-holding-money2724991187645861
Тој објаснил дека концентрацијата на богатството во рацете на неколку врвни луѓе ја минимизира економската активност, што прави само потешкотии за другите да учествуваат во истата. Од даноците на слабите закони за вработување, најбогатите имаат корист од глобалниот економски систем, кои се изгласани во нивна корист.

Ви извештајот се нагласува дека дури и политиката почна да биде контролирана од супер-богатите, што доведува до политики од кои можат да имаат бенефит само неколкумината најбогати, но не и мнозинството на сиромашни, дури и во најдемократските земји.

„Време е нашите лидери да го реформираат системот, да функционира на начин така што ќе работи во интерес на целото човештво, а не на глобалната елита“, стои во извештајот.
На четиридневниот Светски економски форум кој ќе се одржи во Давос следната среда, светските финансиски лидери ќе се соберат на годишен состанок на кој сите ќе се фокусираат на заживување на глобалната економија, кризата во еврозоната и конфликтите во Сирија и Мали.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1