Изгласано: Премиерите ќе имаат 6 телохранители 6 год по 24 часа


Никола Груевски и неговите наследници по завршување на премиерскиот мандат, 24 часа ќе ги обезбедуваат 6 телохранители од МВР. 

gruevski_pismo_nato_g-copy2-630x472Тоа според измените во законот за Влада значи дека ако мандатот на Груевски заврши утре, тогаш во следните 6 години колку што бил на функција има право на обезбедување во три смени и возач. Законското право нема да важи за претходниците на Груевски.

Собранието го донесе законот по скратена постапка на предлог на пратеникот Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ. Обезбедувањето загарантирано со закон Николовски го објаснува со стравот од одмазда на криминалците уапсени во времето на Премиерот.

Законот за Влада е еден од 14 закони што денеска Собранието ги донесе по скратена постапка. Премиерот лично присуствуваше на собраниската седница.

Единствено реакции на несогласување имаше од пратениците од редовите на ДПА. Од ВМРО ДПМНЕ одговорија дека деловникот дозволува необемни закони да се носат по скратена постапка.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1