Бугарскиот вицепремиер Симеонов поднесе оставка


Бугарскиот заменик-премиер Валериј Симеонов синоќа поднесе оставка, откако беше изложен на притисок да се повлече од функцијата поради навредите упатени кон активистите за заштита на лицата со посебни потреби.

– Поднесувам оставка поради континуираната медиумска кампања против мене. Таа кампања им штети на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за нејзината нормална работа, изјави Симеонов на прес-конференција во Софија на која ја најави својата оставка.

Тој нагласи дека не можел да дозволи да продолжи таквата состојба и затоа решил да се повлече.</p>

– Не се работи за мене или за партијата на чие чело сим, тука за Владата за која сметам дека е многу успешна, додаде Сименов.

Тој нагласи и дека бугарскиот премиер Бојко Борисов не извршил притисок врз него да поднесе оставка.

Како што јави БТА, Борисов ја прифатил оставката на неговиот заменик.

Симеонов, кој е лидер на националистичка партија Национален фронт за спас на Бугарија (НФСБ) и на коалицијата Обединети патриоти (ОП), беше вицепрмиер задолжен за економска и демографска политика.

Скандалот изби поради неговата изјава дека активистите за заштита на правата на лицата со посебни потреби се „разврескани жени“, кои ги злоупотребуваат своите болни деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1