Бугарските турбофолкери добија 1 милион евра од ЕУ


Бугарската продуцентска куќа „Пајнер“, позната како најголемиот продуцент на поп-фолк музика во земјата, доби големи средства од Оперативната програма за конкурентност на Европската унија.

photo_verybig_22076Според пишувањата на бугарскиот дневен весник „Прес“, на „Пајнер“  одобрени се 3,197 милиони лева, од кои речиси два милиони лева (1,025 милион евра) се средства од Европската унија. 

„Пајнер“ е популарен по таканаречената „чалга-музика“, која има текстови што се вртат околу сексуалните алузии и парите. „Пајнер“, која истовремено е сопственик и на телевизискиот канал „Планета“, изјави дека добиените пари ќе ги потроши на привлекување нови гледачи и на остварување нови приходи од реклами, со што би се создале услови за „отворање нови работни места и за поттикнување на бугарската економија“.

Хит Портал

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1