Бунт на Државна против одлуката на Шилегов


Здравствените работници од Државна на нозе, велат навредени се од изјавата на Петре Шилегов, но и од одлуката за поскап паркинг, најавуваат нови блокади и протести доколку не се укине поскапувањето.

Апелираме градскиот татко да ги дава своите изјави повнимателно, разочарани сме од неговата изјава, досега никој не не навредил така, велат здравствените работници.

На денешниот получасовен протест, претседателот на Самостојниот синдикат на вработените во Клиничкиот центар, Д-р Горан Беговиќ истакна дека покачувањето на паркингот највеќе ќе се одрази на оние вработени кои земаат ниски плати, па така покачувањето од 5 проценти кое ќе го добијат ќе го даваат на паркинг, и ќе се сведе на 0. Тој истакна и дека бараат тие како Клинички центар да стопанисуваат со паркингот во кампусот.

Со вчерашната одлука на град Скопје, здравствените работници наместо 300 од сега ќе плаќаат 800 денари паркинг. Тие најавија дека следен чекор им е блокирање на наплатните рампи за излез во текот на наредните денови од 10 до 10 и 30 минути.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1