Повторно настана ескалација и хаос на меѓуграничниот премин помеѓу Грција и Македонија. Мигрантите не сакајќи да чекаат, тргнаа сами на македонска територија, што предизвика реакција на полицијата и војската која е таму да спречи неконтролиран влез во земјава.Притоа беа употребени и шок бомби.
Мигрантите го пробија заштитниот кордон на полицијата која се воздржа да употреби сила и со трчање се упатија кон Гевгелија. Дел од нив беа спречени со полициски возила и со друга блокада на патот кон каде се движеа мигрантите, но голем дел веќе исчезнаа.