Котевски: Неприфатливо е полицајците да бидат каменувани и да не се бранат


За МВР е неприфатливо доколку полициски службеници се напаѓани, каменувани да не би имале право да се заштитат, изјави на прес конференцијата пред малку портпаролот на МВР, Иво Котевски

ivo kotevski

Министерството за внатрешни работи негира прекумерно употреба на сила кон мигрантите кои вчера пристигнаа на македонско – грчката граница.

– Полицијата ја бранеше државната граница и има овластувања да се заштитат себе си. Имаше одредени групи на илегални мигранти кои ја каменуваа полицијата, кои сакаа насилно да го пробијат кордонот. Доколку тие невладини организации сакаат да сугерираат дека Македонија треба да биде единствената држава која не треба да ја брани својата граница за нас тоа е неприфатливо. Полицијата ја штитеше македонската граница, рече Котевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1