Судири избија меѓу мигрантитете и полицијата во близина на камп за бегалци во северна Грција, по автомобилската несреќа, во која беа прегазени Сиријка и нејзиното дете.
Мигрантите кренаа бунт, откако брзата помош повикана за да им помогне на прегазената жена и нејзиниот десетгодишен син, задоцнила и побарале од полицајците да ги одведат со полициско возило до болницата, но тие одбиле.
Мигрантите го блокираа патот надвор од кампот, фрлајќи со камења кон полицајците и запалија две патролни возила. Полицијата возвратила со солзавец.
Состојбата покрај кампот во Ореокастро веќе е нормализирана, а едно петгодишно дете е полесно повредено во судирите.
Во Грција има над 60 илјади мигранти, од кои повеќето Сиријци.