По многуте поплаки од граѓаните, цените за погреб за семејствата на жртвите од Ковид 19 во погребалното претпријатие А.Д. Бутел се намалуваат за 7 до 10 илјади денари.
Протоколите во епидемии налагаа задолжителен лимен сандак, пластична вреќа во која се става телото на починатиот, како и залемувањето на двата сандака, што ги изложи граѓаните на големи давачки за погребални услуги.
А.Д. Бутел денеска донел одлука на Управен одбор, на вкупната фактура за погребални услуги да се минусираат 7 до 10 илјади денари за сите погребални случаи каде покојникот починал од ковид-19.