Новинарот Адамчевски излекуван од Ковид 19: Да лежиш само еден ден на Инфективна ќе сфатиш колку е страшно


Новинарот Мирче Адамчевски е еден од излекуваните од коронавирусот  и од утре ќе може да излезе од самоизолација. Своето искуство од лекувањето Адамчевски го сподели на „ММС.мк.“

-Да, лежев на Инфективна две недели, уште две недели во изолација и конечно од утре  ќе излезам да се прошетам. Заболев дома,се собравме и некој од членовите на семејството го донесе и по неколку дена се појавија симптомите. По 10 дена се зголемија, се зголеми температурата  и матичниот лекар ми рече дека треба да одам на Инфективна. Поминав две недели на инфективна како средно -тежок пациент, бидејќи таму се делат на лесни, средно – тешки и тешки. Не знам со кои лекови бев третиран. Дневно примав  неколку инфузии и вториот ден веќе ми спадна температурата. Полека се опоравував. Морам да кажам пофални зборови за персоналот на Клиника…

…Таму цело време бев во контакт со надвор, нормално со мобилнот и мене ми пречеше кога некои постојано  викаа дека мерките за борба со корона вирусот се строги.  Нив би им предложил барем една ноќ да поминат на Инфективна, да слушаат кашлање, кога ти се чини дека во болница ќе си ги искашлаш дробовите, офкања,  повици од некои кои горат од температура, некои се бањаат во пот. Ако поминат  ноќ на Клиника тогаш критичарите ќе почнат мерките да ги благословуваат. Мерките не паѓаат од небо, гледаме дека ги предлагаат стручни лица. Доктори, експерти и добро е што е така. Политичарите помалку да се мешаат. Па затоа мерките мора да се почитуваат, во прв ред носење маски. Мора да се држи растојание. Можеби и јас не се согласувам со некои рестрикции кои се воведени, но кога се донесени мора да се почитуваат, особено кога  даваат резултат. Јас мислам дека кај нас работите одат кон подобро, вели Адамчевски.

Целото интервју на „ММС.мк.“

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1