12/03/2019 15:52
•
Posted by: MK News
Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани, пристигна во Белград, а според пишувањата на српските медиуми таму ќе престојува десетина дена. Најмладата ќерка на американскиот претседател синоќа со друштво и со музика се забавувала на Скадарлија. Тифани, која студира право и се занимава со манекенство, била во придружба на своето момче Мајкл Булос, кој живее […]
______________________________________________________________________________________________________
12/03/2019 15:40
•
Posted by: MK News
Легендарниот басист на групата „Прљаво казалиште“ Дубравко Ворих утрово починал во болницата во Загреб. Лекарите на 59 годишниот музичар минатата пролет му дијагностицирале карцином, но тој не сакал да си замине од групата, па продолжил да свири на турнејата во САД и на големиот концерт кој групата летово го имаше во Загреб. Ворих со групата […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2019 14:59
•
Posted by: MK News
Сите 157 патници и членови на екипажот загинале во пад на авионот „боинг 737“ на компанијата „Етиопија еирлајнс“. Меѓу жртвите е и Ѓорше Вдовиќ, кој спасувал луѓе за време на НАТО бомбардирањето, а како работник на Обединетите нации само во 2018 година со храна снабдил 900.000 бегалци. Авионот кој летал од Адис Абеба кон Норбија […]
______________________________________________________________________________________________________
10/03/2019 16:04
•
Posted by: MK News
Хрватската министерка за регионален развој и ЕУ фондови, Габриела Жалац немала важечка возачка дозвола во моментот кога со возилото кое го управувала налетала и удрила во дете. Медиумите пренесоа дека се работи за мало девојче кое претрчало на улицата, на место на кое немало пешачки премин. Детето е хоспитализирано и не е во животна опасност. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2019 19:56
•
Posted by: MK News
Српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека Србија никогаш нема да го прифати ултиматумот кој Приштина го постави со усвојувањето на платформата за продолжување на преговорите. „Сега сиктер со таа хартија, бандо од Притшина, каде и да сакате и видете дали некој тоа ќе ви го исполни, Србија нема“, кажа тој. Српскиот претседател кажа дека пред […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2019 19:53
•
Posted by: MK News
Српскиот милионер Мирослав Мишковиќ, сопственик на компанијата Делта Холдинг е осуден нa две и пол години затвор, а не се спаси ниту неговиот син. Пред советот на Специјалниот суд во Белград, српскиот милионер Мирослав Мишковиќ е осуден на две и пол години затвор, а неговиот син Марко на една година домашен притвор. Двајцата се товарат […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2019 17:18
•
Posted by: MK News
Генералниот секретаријат на Интерпол потврди дека примил ново барање од Косово за членство во таа организација, пишува приштинскиот весник „Бота сот“. Според весникот, висок претставник на организацијата изјави дека Генералното собрание ќе заседава во октомври во Чиле, но се уште не е позната агендата. Тој тврди дека апликацијата била испратена на 31 јануари. Косовскиот министер […]
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2019 17:14
•
Posted by: MK News
Дивна Карлеуша, долгогодишната новинарка и радио-водителка која почина вчера во 61. година од животот во Белград, три години се борела со канцер на белите дробови. Освен терапиите кои ги примала во Србија, често патувала во Турција, Холандија и во Данска , каде што исто така се лечела. Во последно време, добро ја поднесувала терапијата, пишува […]
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2019 16:57
•
Posted by: MK News
Чешката полиција во соработка со припадниците на ФАСТ тимот за потрага во неколку земји, го уапси и 38-годишниот Чаба Дер кој е осомничен дека на 5. јануари оваа година на Баново брдо во Белград убил 37-годишен маж. При апсењето се пронајдени фалсификувани документи, два пиштоли, муниција и пригушувач, но и многу средства за промена на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2019 16:54
•
Posted by: MK News
Идниот помошник државен секретар на САД, Филип Рикер, зборувајќи за односите меѓу Косово и Србија, рече дека нема дијалог меѓу двете земји сé додека не се укине данокот за српските и босанските производи. Според Рикер, со тоа што не се укинува данокот, Косово ризикува сé, дури и им штети на билатералните односи со САД. Рикер […]
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2019 16:53
•
Posted by: MK News
Младата и убава интерпретаторка Невена Божовиќ, која по потекло е од Косово, ќе ја претставува Србија на годинешново 64. издание на Евровизија, која ќе се одржи на 14 мај во Тел Авив во Израел. Таа победи на Беовизија со композицијата “Круна“, за која аранжманот го направи Дарко Димитров. Победничката песна таа ја посвети на својот […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:49
•
Posted by: MK News
Куче од расата „Стафорд“ утринава околу осум часот нападнал две жени во Панчево, Србија. Едната била мајка на сопственикот на кучето, 66- годишна жена, која им подлегнала на повредите и починала, а другата жена се наоѓа во болница. Нападат се случил во дворот на семејството кое го чивало кучето.Кучето ги нападнало двете жени, едната починала […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2019 19:34
•
Posted by: MK News
Имавте спор со Скопје за името, а не за територија, што е многу полесно, изјави српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ на почетокот на својот говор на економскиот форум во Делфи, честитајќи го договорот меѓу Северна Македонија и Грција. – Јас, како премиер и министер за надворешни работи на Република Србија ја предупредив ЕУ дека […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2019 17:35
•
Posted by: MK News
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека поделба и размена на територијата на Косово не може да се случи додека е тој жив. – Размена на територии никогаш нема да се случи, територијалната размена е договор и никогаш нема да биде дозволена, а поделбата на Косово може да се случи само преку мене мртов, изјави Тачи […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2019 16:23
•
Posted by: MK News
Рано утрово татко си ги фрли своите четири деца на возраст од 3,5,7 и 8 години од балкон на семејната куќа во хрватскиот остров Паг. Од задарската болница потврдуваат дека рано утринава биле примени четири деца , од кои две со тешки повреди и две со полесни. Децата на возраст од 7 и 8 години […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2019 16:10
•
Posted by: MK News
Српската актерка Неда Арнериќ синоќа била итно пренесена во Ургентниот центар во Белград откако била пронајдена без свест во својот стан. Српските медиуми пишуваат дека актерката ја пронашол нејзиниот брат откако не одговарала на телефонските повици, така што ја разбил вратата од станот со помош на бравар. Арнериќ лежела неподвижна на под поради што била […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2019 17:54
•
Posted by: MK News
Владата на Србија на денешната седница одлучи во идната комуникација со официјално Скопје да го користи терминот Република Северна Македонија или скратениот назив Северна Македонија. Српската Влада денеска го усвои Заклучокот за користење на името Република Северна Македонија врз основа на известувањето на официјално Скопје испратено до сите членки на ОН за промена на името, […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2019 17:23
•
Posted by: MK News
Група вооружени Албанци упаднале рано утринава во селото Растелица кај Куршумлије, информираат српските медиуми. Како што пренесува ТВ Прва, при упадот се слушале пукотници, а во селото има силни полициски екипи. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот. Растелица не била единствено место за напад, упад е извршено и во уште едно село, каде […]
______________________________________________________________________________________________________