21/08/2017 11:48
•
Posted by: MK News
Поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи, почина рано изутринава во Истанбул, јавија приштинските медиуми. Реџепи, пред неколку месеци доживеа мозочен удар, по што беше опериран во приштинска болница, а потоа падна во кома. Во таква состојба беше префрлен во болница во Истанбул, каде утрово почина. Реџепи, роден во 1954 година, беше премиер на Косово од 4 […]
______________________________________________________________________________________________________
21/08/2017 11:47
•
Posted by: MK News
Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, на прашање од весникот „Вечерње новости” за тоа што мисли за идејата за поделба на српско и албанско Косово, одговори исто со прашање – „зошто да се разграничуваме со Албанците на своја територија?“ – Се е наше, што да делиме со нив!? Може ние да им дадеме […]
______________________________________________________________________________________________________
19/08/2017 15:45
•
Posted by: MK News
Познатата српска актерка Сузана Петриќевиќ била сведок на монструозниот терористички напад во Барселона, каде загинаа 13 лица, а повеќе се повредени. Таа за крвавиот пир раскажува дека бил повеќе од ужасен, летале делови на сите страни, владеела паника. – Гледавме во смртта, буквално и гледав во очи, беше на метар од нас. Како успеав во […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2017 13:40
•
Posted by: MK News
Полицијата во Србија привела маж на информативен разговор во врска со убиството на Кристина Каплановиќ (19) на бензиската пумпа во Велики Мокри Луг. Кристина била убиена во вооружен грабеж на бензиска, кога ја застрелале во глава. Несреќната девојка настрадала поради 10.000 динари. Убиецот по грабежот е во бегство, а полицијата трага по него со месеци. […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2017 13:16
•
Posted by: MK News
Скандал од невидени размери се случи на грчкиот остров Закинтос кога девојче од Ниш било претепано бидејќи пеело. Како што пренесува српскиот Курир, туристичкиот водич Ш.К. ја нападнал и повредил ќерката на Владимир Петковиќ, 17-годишната А.П. а тој веднаш случајот го пријавил во полиција. На девојчето му констатирале повреда кај лактот, има скршеница на ногата, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2017 13:04
•
Posted by: MK News
На Фејсбук веќе некое време, сосема јавно и без никаква цензура постојат две групи наменети за корисниците од Хрватска и регионот, а кои отворено промовираат и повикуваат на инцест, педофилија и што е можно поодвратни форми на сексуално однесување, пишува хрватски Индекс. Едната има над 1.800 членови, а другата околу 200, а пристапот им е, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2017 13:00
•
Posted by: MK News
За безбедноста на претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ се грижи Безбедносно информативната агенција (БИА) и тоа во многу необичен состав. Откакао е избрана за премиерка, на јавните настани Ана Бранбиќ почна да се појавува со нешто поинакво обезедување. Имено покрај Ана постојано е една жена. На приемот во американската амбасада прв пат се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2017 18:56
•
Posted by: MK News
Религиозниот празник Голема Богородица е еден од најважните во Грција, која важи за прилично религиозна земја. Кај нив овој празник се слави на 15 август, а поради различните календари ние го славиме на 28 август. Во грчките медиуми деновиве една од топ темите е повторното појавување на малите змии во црквите по селата на островот […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2017 14:37
•
Posted by: MK News
Шведскиот производител на мебел и опрема за домаќинство „Икеа“, отвори денеска прв продажен во Србија. Тоа е 400. продажен објект на таа компанија во светот. „Икеа“ вложи 70 милиони евра во објектот, вработи 416 луѓе, а на потрошувачите ќе им биде понудена стандардна палета производи по пристапни цени. Продажниот објект во Бубањ Поток, на јужниот […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2017 15:18
•
Posted by: MK News
Силен земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Кос и блиското турско крајбрежје. Земјотресот бил со интензитет од 5,1 по Рихтер. Епицентарот бил на 38 км североисточно од островот Кос на длабочина од 10 км. Според грчки медиуми, тоа е втор најсилен потрес по земјотресот во јули со интензитет од 4,3 по Рихтер. Телевизијата НТВ јави […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2017 14:44
•
Posted by: MK News
Кучиња од расата „азијат“ повредиле петмина минувачи во Бања Лука откако му побегнале на сопственикот Б.С, изјавиле од полицијата. Според пишувањата на „Nezavisne novine“ едно личе починало откако било каснато за вена, додека ја бранело ќерка си. Нападот се случил вчеравечер околу 21:30 часот на улицата Жарко Згоњанин. Повредените добиле медицинска помош, а кучињата со […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2017 14:38
•
Posted by: MK News
Топлотниот бран кој го зафати Регионот, ја загреа површината на Јадранското море до 30 степени Целзиусови. Од најсеверниот дел па се долж Италијанскиот брег и северозападна Истра температурите на морето се најтопли од 29- 30 степени. На поголемиот дел од Јадранот температурите на Јадранот изнесуваат 28 што е за три степени повеќе од нормално.
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2017 14:33
•
Posted by: MK News
Со измерени 40 степени Целзиусови во Белград, 5 август бил најтоплиот во изминатите 130 години во главниот град на Србија. Во периодот меѓу 16 и 17 часот измерени биле 40 степени со што е надмината прогнозираната максимална температура за главниот град. Претходниот најтопол 5 август – со 39 степени, бил во 1928 година, јавуваат српски […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2017 14:54
•
Posted by: MK News
Ненад Станковиќ (47) од Долно Острожње починал кога, додека со уште двајца мажи сечел стебло во шума во местото Цвртиковци кај Станари, го нападнал и избодел рој стршлени. Мажот починал набрзо откако го укасале инсектите. Имал 6-7 убоди, а кои најмногу на главата, а потоа и по вратот и грбот. Се претпоставува дека бил алергичен […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2017 14:00
•
Posted by: MK News
Грандиозниот проект за поврзување на српскиот главен град Белград со Солун по воден пат, преку Морава и Вардар, може да го претвори грчкото пристаниште во клучен центар за транспорт на стоки кон Средна Европа, наведува атинскиот весник „Прото Тема“. Весникот потестува дека станува збор за заеднички проект на Грција, Македонија и Србија, за чија реализација […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 16:11
•
Posted by: MK News
Момче од Сараево кое за време на спортување починало е првата жртва на екстремно високите температури, кои изминативе денови се регистрирани низ целиот Балкан. Поради бранот на пеколни температури, екипите на Брза помош имаат сѐ повеќе работа. Докторите препорачуваат граѓаните да не излегуваат од дома без потреба во периодот од 10 до 17 часот, да […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 17:13
•
Posted by: MK News
Трагедијата која се случи во саботата, кога 13-годишно момче се удави во морето на Брач, Хрватска одекна во светот, особено во светот на спортот. Таткото на удавеното момче Лука Милинковиќ, веднаш по дознавањето од Аргентина се упатил кон Хрватска. Лука бил на одмор со своето семејство на местот каде што се случи трагедијата. Резултатите од […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2017 19:11
•
Posted by: MK News
Ќе направиме нешто многу радикално што ќе ги изненади сите, доколку Исмаил Морина биде екстрадиран во Србија.Вака се закани семејството на Исмаил Морина, кој е осомничен дека управувал со дронот што носеше националистички транспарент над стадионот во Белград за време на натпреварот помеѓу фудбалските репрезентации на Србија и Албанија, одигран во октомври 2014 година. Неговиот […]
______________________________________________________________________________________________________