Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Гореше службен автомобил во Скопје

Гореше службениот автомобил на една позната скопска градинка. Според информациите на полицијата, С.К. вчера во 7:55 часот во СВР Скопје пријавил дека на улицата „Среќко Пужалка“ во кругот на детска градинка од засега непознати причини било опожарено товарно моторно возило „Субару Либеро“ со скопски регистерски таблици сопственост на градинката. Возилото подолго време не било во […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов напад од куче – скопјанка итно пренесена во болница

Нов напад од куче во Скопје. Спроед информациите на МВР, Д.Љ.(57) вчера во 14:45 часот во полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека дента околу 8:10 часот додека се движела по улицата „Лука Геров“ во задниот дел од левата подколеница ја каснало куче скитник. По настанот од страна на нејзиниот син била пренесена во Градската општа […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар утринава во Топанско Поле – гореше автомобил среде паркинг

Во населбата Топанско Поле утринава избувна пожар во автомобил паркиран на паркингот на улицата „Методија Митевски“.Полициски единици и екипи на Противпожарната единица веднаш пристигнаа на лице место и работат на локализирање на пожарот. Причината за настанување на пожарот сѐ уште не е утврдена.

______________________________________________________________________________________________________

Познат идентитетот на девојката пронајдена мртва во „Сити Мол”

Околу 19 часот и 30 минути синоќа, во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземје од објектот, било пронајдено починато женско лице. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Се работи за 30-годишната А.М.од Скопје чие тело по […]

______________________________________________________________________________________________________

Затвореник на отсуство починал од струен удар крадејќи кабли

Вчера околу 07.00 часот во Струмица, во кругот на поранешната фабрика „Треска“, К.П. (30), осуденик од затворот во Струмица кој бил пуштен на домашно отсуство, во обид да одземе електрични кабли кај трафостаницата се здобил со струен удар и починал на лице место. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

______________________________________________________________________________________________________

Скопје Сити Мол: Девојка (30) пронајдена мртва во тоалет

Вчера околу 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземје од објектот, било пронајдено починато женско лице. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Се работи за лицето А.М. (30) од Скопје. По наредба на јавен […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за крвавата тепачка меѓу малолетници во Ченто, полицијата приведе 20 лица

Синоќа околу 19.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на ул. „Алија Авдовиќ“ имало тепачка помеѓу две групи малолетници. Притоа, едната група го каменувала автобусот со број 65-б, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, од што биле искршени четири стакла од вториот кат на автобусот. […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со детали за инцидентот во Ченто

Петнаесет лица се приведени вечерва откако настанала тепачка меѓу две групи на улицата „А.Авдовиќ“ во населбата Ченто. Во тепачката од страна на едната група каменувал е автобус бр. 65 б кој соообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци при што се искршени четири стакла. Случајот во полиција го пријавил возач на ЈСП околу 19:35 часот. Полицијата потврди […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопското обвинителство ја расветлува смртта на родилката

Јавно обвинителска одлука во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје ќе биде донесена по прибирање на потребната документација и по добивање на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина. – Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна известување од СВР Скопје во врска со смртта на […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за тешката сообраќајка кај Радовиш, во верижен судар на пет возила, тешко повредени 2 лица

Вчера во 18,50 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш се случила сообраќајна незгода во која учествувале пет возила. Патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.Г.(48) од Скопје, товарно моторно возило “Ивеко“ со струмички ознаки, сопственост на ДООЕЛ „Жикол“ од Струмица управувано од В.В.(54) од село Сушево, струмичко во кое како сопатници биле […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукање попладнево во Скопје – едно лице пренесено во болница

Денеска околу 15 часот и 15 минути на улицата „Б.Паровиќ“ во Скопје, во близина на берберницата „Прешево“ Т. А. на возраст од околу 35 години бил повреден со огнено оружје. МВР  информира дека тој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Полициски службеници се на лице место, каде се пронајдени четири чаури. Се […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за девојката која вчера се фрли во Вардар од Камениот мост

Вчера околу 13.30 часот пријавено е дека во реката Вардар, во центарот на Скопје, има лица кои што бараат помош, стои во официјалното соопштение од МВР за настанот. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека М.А.(27) скокнала во реката, по што нејзиниот татко М.А.(44) и случаен минувач ја извадиле од водата. Со […]

______________________________________________________________________________________________________

Затвореници во „Идризово“ се степале за името Македонија

Тепачка по кавга за името на Република Македонија, се случила помеѓу двајца затвореници во Казнено-поправниот дом Идризово, јави порталот dosie.com.mk, а веста утрово ја пренесуваат и други медиуми. Наводно кавгата почнала во поуотвореното одделение на затворот, околу тоа дали е неопходно да се смени името на државата. Во размена на мислења, едниот затвореник му рекол […]

______________________________________________________________________________________________________

Апсење на скопскиот аеродром

Апсење на скопскиот аеродром. – На 30.01.2018 година во 04.50 часот на Граничен премин аеродром „Александар Велики“ Скопје, на излез од Република Македонија, по извршена пасошка контрола поради сомнение за „фалсификување“ на италијанска лична карта приведен е Д.Б.(33) од Драч – Албанија, соопштуваат од МВР. Полицијата работи на расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Жена спасена од водите на Вардар во центарот на Скопје

Од водите на Вардар, во центарот на Скопје, две лица пред 14 часот денеска успеаја да спасат млада жена. При обидот за спасување жената и еден од спасувачите беа заглавени во цевките кои се гледаат во реката. На местото на настанот пристигнаа возила на Брза помош, на Противпожарната единица и на полиција. Пожарникарите прават обид […]

______________________________________________________________________________________________________

Украден автомобил најден во Вардар

Вчера во 13.28 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во реката Вардар, во правец на последна автобуска постојка на линијата „5″ кај паркот Лисиче, имало возило кое најверојатно излетало од патот. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, велат од МВР, утврдиле дека се работи за патничко возило фолксваген голф, […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена пронајдена мртва во стан во Скопје

На 29.01.2018 година во 15.39 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Т.А.А. пријавила дека во станот каде што живее на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, без знаци на живот ја пронашла својата тетка Љ.Б. (78) (со којашто заедно живееле). Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи […]

______________________________________________________________________________________________________

Планинар почина на Попова Шапка

П.А.(58) од Скопје починал откако паднал во бесознание додека вчера планинарел во месноста „Антени“ на Попова Шапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци, случајот бил пријавен вчера околу 17.45 часот од В.Н.(35) од Скопје кој заедно планинарел со сега починатиот. – По добиената информација набрзо на местото пристигнал ратрак со кој […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1