Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Сообраќајна несреќа во Козле – се преврте автомобил

Сообраќајна несреќа попладневно се случи во скопско Козле, каде автомобил се превртел по судар со друго возило. Сведоци за Нова Македонија велат дека возилото кое се удрило во превртеното возило излегувало од споредна улица., а несреќата се случила во близина на бензинската. Неофицијално, возачот во превртеното возило не е тешко повреден. Се очекуваат детали.

______________________________________________________________________________________________________

Прегазена малолетничка – синоќа две сообраќајки во Македонија

Три лица се повредени и е причинета материјална штета од 145 илјади денари во две сообраќајни несреќи што вчера и изминатата ноќ се случиле во полошко, најверојатно како последица на неприлагодена брзина односно пребрзо возење, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Со тешки телесни повреди се здобила 25-годишната М.И. од Тетово откако загубила […]

______________________________________________________________________________________________________

Страшна сообраќајка во Македонија – четири лица итно во болница, сообраќајот во прекин

Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила се случи утринава на патот Крива Паланка-Куманово, кај местото викано Чешмиче. Според фотографиите на Курир може да се види дека екипи на полицијата се на терен, а во несреќата повредени се четири лица, но засега нема подетални информации. Сообраќајот е во прекин во двата правци, се […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата приведе албански и македонски државјани кои во Боговиње работеле како танчерки

Полицијата приведе албански и македонски државјани кои во Боговиње работеле како танчерки. Полицијата приведе девет лица, четири албански и пет македонски државјани, кои синоќа, половина час по полноќ биле затекнати во угостителскиот објект „Баци“ во Боговиње. Во објектот имало три албански државјанки на возраст од 26 до 41 година кои биле вработени како пејачки и […]

______________________________________________________________________________________________________

Дете без знаци на живот донесено во дебарската болница

Во Општата болница во Дебар, вчера попладне донесено е десетгодишно дете од областа Голо Брдо без знаци на живот. – Нешто по 18 часот во нашата болница беше донесено дете кое не даваше знаци на живот. Попусти беа обидите да го реанимираме, па за жал моравме да констатираме смрт, која настапила како последица на давење […]

______________________________________________________________________________________________________

Пијан татко си ги претепал малолетните деца, па ги заклучил во подрум

Полицијата вчера уапсила маж од Гевгелија бидејќи физички ги нападнал своите две малолетни деца, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). – Таткото со стап ги нападнал најпрвин во станот, а потоа и во подрумските простории, каде ги заклучил со катанец. Од страна на униформирани полициски службеници извршено е алкотестирање при што е констатирано присуство […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Албанија

Македонски државјанин загина попладнево во сообраќајна незгода на патниот правец Либражд-Прењас откако автомобилот со кој патувал, излетал од патот. Тој загинал на самото место, додека во несреќата биле повредени уште четири лица кои биле во автомобилот. Тие се пренесени во болница, каде им е укажана потребната лекарска помош. Несреќата се случила на три километри од […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајка и шестгодишна ќерка тешко повредени, со возило удриле во бетонски столб

Триесет и четири годишна жена и шест годишно девојче се повредени во сообраќајна несреќа која минатата ноќ се случила на локалниот пат кај селото Добрашинци, на место викано Шапкар.Е.А. (36) управувајќи автомобил „Сеат“ со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот удрил во бетонски столб и се превртел на покрив. Од полицијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Два дена ја тепал па и вперил пиштол – семејна драма во Велес

Во 19 часот се одвивала вистинска драма во Велес, во домот на 45-годишната Б.Ѓ. која била дома со двете деца. Полицијата информира дека на 27. нејзиниот сопруг, 47-годишниот Ѓ.А. ја удрил со телефон по глава, а потоа почнал и да ја удира со тупаници и клоци во пределот на телото и главата, по што и […]

______________________________________________________________________________________________________

Непознат сторител искршил прозорци на Основен суд Скопје 2

Непознат сторител синоќа околу 23 часот со камења искршил прозорци на зградата од Основен суд Скопје 2. Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторитело.

______________________________________________________________________________________________________

Починато двегодишно дете во Охрид

Двегодишно дете без знаци на живот е донесено доцна синоќа околу 23.50 часот во Медицинскиот центар во Охрид, соопшти МВР. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Татко го пронашол дома мртво седуммесечното бебе

Во семејниот дом, стружанец вчера во 9.30 часот ја пронашол, без знаци за живот, својата седуммесечна ќерка. Таткото се обидел да даде вештачко дишење, а потоа со такси возило го однел детето на детското одделение во болницата, каде дежурните лекари констатирале смрт. МВР информира дека од извршениот надворешен преглед над телото на починатото бебе не […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец нападнал татко и син пред патарина

На автопатот Велес-Скопје, пред наплатната станица Отовица, вчера околу 20.30 часот, А.Ѓ.(60) од Скопје со стап го скршил левиот ретровизор и стаклото од левата врата од товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистерски таблички. Потоа тој физички ги нападнал возачот на возилото А.И.(47) од село Арачиново удирајќи го со стапот во пределот на носот, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Кичевец осомничен дека се обидел да го убие братот

Кичевската полиција поднесе кривична пријава против С.Р. (73) од село Грешница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. МВР соопшти дека на 17 август околу 8:00 часот во селото Грешница, во неговиот двор со нож во пределот на стомакот му нанел тешка телесна повреда на братот Ќ.Р. (80. На настанот […]

______________________________________________________________________________________________________

Вработена претепала разбојник кој сакал да ја ограби продавницата

Синоќа во 20.45 часот, во продавница на улицата Александар Урдаревски во Скопје, непознат сторител со нож се обидел да изврши разбојништво во обид, но бил спречен од вработената. Таа физички го нападнала со удари по телото, по што тој побегнал. МВР информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Крај на драмата во Ресен: Киднапираната девојка вратена дома, еве што се случило

Осумнаесетгодишната Р.К. од Ресен, за која вчера МВР извести дека била грабната од нејзиниот дом, е вратена дома. Според МВР, вчера во Полициската станица Ресен сами дошле девојката и грабнувачот, 20-годишниот У.В., кој бил задржан во Полициска станица. Претходно таткото на девојката пријави дека ќерка му ја грабнал У.В. заедно со татко си и со […]

______________________________________________________________________________________________________

Ресен: Тинејџерка (18) киднапирана од семејниот дом

Вчера во Полициската станица – Ресен, Е.К.(49) пријавил дека околу 07:30 часот од семејниот дом во Ресен била грабната неговата ќерка Р.К. (18). Таа била грабната од У.В. (20) од с.Поум-струшко, кој заедно со неговиот татко и уште неколку лица кои се превезувале во патничко возило „Фолксваген Голф“ управувано од Џ.Ф. (20) од с.Биџево и […]

______________________________________________________________________________________________________

Батинци: Камион прегази дете (10), се бори за живот

Вчера околу 16:10 часот во с.Батинци-скопско се случила сообраќајна незгода во којашто товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.Ј. (29) од с. Цветово-скопско, удрило во 10-годишно дете кое се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Градската Општа Болница „Св.Наум Охридски“ и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1