26/03/2017 21:44
•
Posted by: MK News
Шеснаесетгодишно момче од гостиварското село Неготино, Полошко, претрпело силен струен удар и паднало во бессознание по обидот да ја затвори вратата од 110-киловолтната трафостаница на излезот од селото на споредниот пат кон Дебреше, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Според неговите податоци, шеснаесетгодишникот заедно со две други лица бил на местото кај трафостаницата […]
______________________________________________________________________________________________________
26/03/2017 21:32
•
Posted by: MK News
Поголема количина сомнителна зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана, и таблети екстази открила полицијата при вчерашниот претрес во куќата и помошните простории на Љ.Ц. (33) во тетовска Мала Речица, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Претресот за што имало соодветна судска наредба бил спроведен во периодот од 18 часот и 30 минути до 19 часот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/03/2017 15:33
•
Posted by: MK News
Вчера околу 21.30 часот во Скопје на ул. „Христо Татарчев“ настанал пожар во куќа сопственост на К.М. (65). Во пожарот куќата целосно изгорела. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита во куќата било пронајдено и едно изгорено тело. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2017 16:38
•
Posted by: MK News
Две лица се уапсени на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во текот на вчерашниот ден. Утрото во 06.00 часот на грничниот премин на аеродромот ,,Александар Велики“ во Скопје, при пасошка контрола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на патна исправа, приведен е A. C. (20) од Р.Албанија. Со истиот е обавен разговор, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2017 15:21
•
Posted by: MK News
Вчера во 18.24 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Св.Климент Охридски“ и ул. „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „шкода јети“, сопственост на МВР на Р.М., управувано од полициски службеник од ПС ОН Чаир и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш. (35) од Скопје. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2017 18:27
•
Posted by: MK News
Скопјанецот Д.А. (54) вработен во приватна фирма е тешко повреден од страна на 35 годишниот Ф.Ш. од скопско Љубин, ретставник на друга приватна фирма, по претходна расправија поради нерасчистени должнички односи меѓу двете фирми. -Ф.Ш. дошол во приватната фирма во која работи Д.А. и по расправија земал ножици и го нападнал Д.А., нанесувајќи му неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2017 18:26
•
Posted by: MK News
СВР Скопје поднесе кривична пријава за 17-годишен ученик од с. Бојане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. На 10 март околу 13.00 часот пријавениот, додека седел во училницата по англиски јазик, од непознати причини од јакната извадил нож и го повредил својот другар во […]
______________________________________________________________________________________________________
23/03/2017 16:53
•
Posted by: MK News
Дваесет и четиригодишниот скопјанец А.Ј. бил донесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје со убодна рана во пределот на грбот во близина на срцето. Настанот се случил вчера околу пладне. Со повредата се здобил во близина на неговиот дом, по претходна вербална расправија за љубовна врска со некоја девојка, при што од страна […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2017 15:52
•
Posted by: MK News
Во 13 часот во текот на вчерашниот ден, во Полициската станица во Кисела Вода, 46-годишниот Н.З.од Скопје пријавил дека на 17. месецов исчезнала неговата ќерка. Полицијата интензивно трага по 15-годишното девојче кое во 18,00 часот излегло од дома и се оддалечило во непознат правец.
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2017 15:33
•
Posted by: MK News
Шеесет и осум годишниот М.Ј. од Битола кој на 12-ти овој месец беше пријавен за исчезнат, вчера е пронајден мртов. Од полицијата денес информираат дека лицето било пронајдено починато вчера околу 12:30 часот на улицата „Партизанска“ во Битола. Пизвршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2017 16:22
•
Posted by: MK News
Тетовецот Ф.Б. (26) се товари за силување откако на 22 февруари годинава година околу 05 часот во селото Стримница, во домот на С.Х., влегол во собата во која спиеле две сестри на возраст од 17 и 12 години. Веднаш потоа почнал да ја допира поголемата по телото, а на помалата и ја затворил устата да […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2017 19:58
•
Posted by: MK News
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.З. (19) oд Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка „одземен пасош и да се пријавува секој ден во полициска станица“. На први овој месец околу 00.15 часот С.С. (52) од Скопје, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/03/2017 19:43
•
Posted by: MK News
Денеска околу 17,00 часот од страна на вработени во касарната „Боро Менков“ пријавено е дека во близина на касарната, од страна на непознато лице, од возило во движење биле испукани неколку куршуми од огнено оружје. Од страна на УПС излезено е на лице место, при што се пронајдени две чаури од гасен пиштол. Се работи […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2017 15:44
•
Posted by: MK News
Две девојчиња на возраст од 13 и 16 години се пријавени за исчезнати во полиција во текот на изминатиот ден. Во СВР Струмица, В.Б. (39) од с. Баница пријавила дека вчера околу 07.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината тринаесетгодишна ќерка. Ноќта, пак, во 04.20 часот во тетовската полиција од страна на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2017 15:24
•
Posted by: MK News
Ноќва во 03.10 часот во ЕИК Скопје, било пријавено дека во нас. Кисела Јабука-скопско, на ул. „10“ било опожарено возило „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки. Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Кога излегле на местото на настанот полициските службеници констатирале дека освен што е опожарено наведеното возило, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2017 18:03
•
Posted by: MK News
Во бараките сопственост на Министерството за здравство вчера било пронајдено непознато починато лице. Од Министерството вчера околу 10 часот пријавиле дека лицето било најдено во бараките лоцирани до медицинското училиште „Панче Караѓозов“. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Уште еден починат на возраст од 36 години бил најден во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2017 17:54
•
Posted by: MK News
СВР-Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против И.Д. (53) поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство“. Според СВР-Битола, обвинитетиот делото го направил на крајно свиреп начин, со повеќе удари со тапо тврдо средство, најверојатно сукала кои ги имал дома, и и нанел на жртвата смртоносни повреди во пределот на главата. […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2017 17:21
•
Posted by: MK News
Во семејната куќа на ул. „11-ти Ноември“ во Куманово, вчера вечерта пронајден е починат И.С. (36). Од МВР соопштуваат дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и доктор мртвопроверител. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
______________________________________________________________________________________________________