01/07/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Секој втор викенд од месецот почнувајќи од јули пензионерите, односно жените постари од 62 и мажите постари од 64 години ќе можат бесплатно да патуваат со воз. Тие на билетарите ќе треба да приложат само лична карта и ќе добијат бесплатен билет со патничко осигурување. Ова е новата мерка која Владата ја донесе на првите […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2014 09:05
•
Posted by: MK News
Од утре до 31 август се воведува времена измена на режимот на сообраќај на државните патишта во Република Македонија. Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Времето утре претпладне се уште на места ќе има зголемена облачност, а попладне сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец Температурата од 20 до 31 степени. Во Скопје претпладне облачно, а попладне сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 22:30
•
Posted by: MK News
Во вториот стан во скопски Аеродром ќе живеат велешани. Весна Угриновска од Велес беше најсреќна при денешното извлекување во наградната игра Фискална во рака, награда без мака. Нејзиниот коверт беше извлечен од купот во студиото на МРТВ и таа ќе ги добие клучевите од станот од педесетина квадрати во Скопје
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 15:58
•
Posted by: MK News
Граѓаните од утре треба да сметаат на повисоки сметки за струја. Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја зголеми цената на струјата за 3,47 отсто која ќе важи од 1 јули 2014 до 1 јули 2015. Покрај цената, за граѓаните ново ќе биде и тоа што во цената ќе биде пресметана и ангажираната моќност од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 15:54
•
Posted by: MK News
Цигарите од утре поскапуваат како резултат на зголемувањето на акцизата. Додека дел од производителите не ги откриваат деталите, државниот тутунски комбинат од Прилеп веќе ги утврди новите цени. Сите брендови на компанијата поскапуваат за пет денари, освен Рондо кој поскапува за три. Тоа значи дека Бренд отсега наместо за 50 ќе се продава за 55 […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 15:48
•
Posted by: MK News
Доцна попладне и во вечерните часови се очекува невремето да биде поинтензивно со појава на град и електрични празнења. Температурата ќе се движи во текот на денот од 28 до 33 степени. Од УХРМ посочуваат дека следува период на сончево и топло време. Утре пак, ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а претпладне на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 15:41
•
Posted by: MK News
Стојанче Ангелов целосно се повлекува од македонската политика на неопределено време, од морални причини, откако во јавноста се обелодени скандалот поврзан со неговиот кум Зоран Крстевски и наводните педофилски пораки кои Крстевски ги испраќал на ќерката на Ангелов. Претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов денеска го пријави неговиот кум Зоран Крстевски во МВР, обвинувајќи го дека […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 15:34
•
Posted by: MK News
Шестммина од седумте обвинети во случајот, добија доживотен затвор поради обвиненија за тероризам. Ослободен од обвининие е Сејди Рама. Двајца од нив, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, пресудата ја дочекаа во затвор во Косово, каде што се осудени за недозволено поседување оружје, и за кои е поднесено барање за екстрадиција, но, засега нема одговор од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 14:00
•
Posted by: MK News
Македонија има најзагаден воздух во Европа, а загадувањето на воздухот со години е над европските стандарди, потенцираат од Светска Банка. Земјава е на прво место на листата на банката, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички. Веднаш зад нас е Србија, а потоа следуваат Романија, Бугарија и Малта. Но, дополнително во […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 13:45
•
Posted by: MK News
Kајчиња натоварени со кафе и алкохол, но неретко и со цигари и со дрога се обидуваат неприметно да ја минат границата од Албанија во Македонија по Охридското Езеро. Најчеста локација од каде што тргнуваат шверцерите е пограничното село Лим во Албанија, а крајната дестинација и најблиската точка до земјава е село Радожда, пишува Дневник. Сепак […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 13:00
•
Posted by: MK News
Владата го објави предлогот за нивелирање на казните за македонските компании, во зависност од големината на компанијата. Тоа значи дека малите дуќанчиња ќе плаќаат многу помали казни од големите компании. Одмерувањето на висината на глобата за правните лица и трговците поединци ќе се врши врз основа на следните критериуми: вкупен приход остварен во претходната фискална […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 12:45
•
Posted by: MK News
Управителите на станбени згради се жалат дека од нив се бара да плаќаат Данок на додадена вредност (ДДВ) и веќе се регистрирани како даночни обврзници од страна на Управата за јавни приходи (УЈП), посочи на последната седница Групацијата за домување со станбен и деловен простор при Стопанската комора, пишува Плус инфо Според нив, тие не […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Седум лица од Секторот за туризам и локален економски развој, распоредени во три групи ќе бидат ангажирани како туристички контролори кои ќе работат во три смени, но и за време на викендите. На состанок на Општина Охрид со надлежните инспекциски служби било договорено, контролорите да се справуваат со дивите станоиздавачи и нелиценцираните туристички водичи. Супер […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Андреа повеќе од 20 години живее како транссексуалец. Имала семејство, две деца, поранешна сопруга, која ја напуштила, а децата не ги видела со месеци. Тие останале кај мајката. Андреа вели дека поради изгледот постојано е омаловажувана, не можела да си ги оствари ниту основните потреби. Била исфрлувана од тетовската болница, омаловажувана од државни службеници, тепана. […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 10:10
•
Posted by: MK News
Дефинирањето на бракот како заедница исклучиво меѓу маж и жена е вториот предлог кој, според предлагачите, ќе овозможи попрецизно дефинирање на брачната заедница, со што ќе се утврди дека бракот е заедница исклучиво само меѓу една жена и еден маж. Ова не е новина, со ваков предлог владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе уште минатата година и тој […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Град Скопје објави оглас за високо образован кадар коj има менаџерски и лидерски вештини за да помогнат во подобро раководење на претпријатијата. Се бараат 58 лица во администрацијата, директори на културни институции како Зоолошката градина, Детскиот културен центар, Музејот на град Скопје, Младинскиот културен центар и Универзална сала, а во јавните претпријатија во ЈСП, Комунална […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Улицата Македонија повеќе од 100 години е дел од градот, таа преставува место каде што се случи најважните настани во Скопје, пишува Скопје инфо. Таа има многу историја, богато минато, кое треба да се прераскаже. Овде како изгледала некогаш. фото: Скопје инфо
______________________________________________________________________________________________________