18/06/2018 22:53
•
Posted by: MK News
Насобраните граѓани пред Собранието повикаа утре во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата на која на дневен ред е токму договорот со Грција. Го повикаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, утре да го напушти Собранието и да му се придружи на народот. Протестот вечерва почна во 20:00 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2018 15:14
•
Posted by: MK News
Хеленик Петролеум иницира, а Владата со задоволство ќе прифати средба и ќе преговара за нафтоводот, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев. На прес-конференција во Владата, Анѓушев одговарајќи на новинарски прашања соопшти дека преговорите не се почнати, но ќе почнат и за тоа јавноста ќе биде информирана. – Хеленик Петроелум иницира средба со Владата која ние со […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2018 11:53
•
Posted by: MK News
Владата го разгледа и усвои Предлог – закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на Министерството за надворешни […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2018 11:08
•
Posted by: MK News
Универзитетскиот професор и член на Левица, Димитар Апасиев вели дека учествувал на сите протести на Шарената револуција, но оти не се сеќава на солзавци и шок бомби. Потенцира дека прекумерната употреба на сила од страна на полицијата не е одлика на една демократска држава. -Прекумерната употреба на сила од страна на специјалната полиција не е […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2018 11:06
•
Posted by: MK News
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум. Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2018 11:03
•
Posted by: MK News
Седум полицајци се повредени во протести што вчера се случија пред Собранието на Македонија, соопшти МВР. Полицијата приведе 25 демонстранти. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2018 10:18
•
Posted by: MK News
На почетокот на следната недела, како што информираат од Владата, на владина седница треба да се усвои законот за ратификација на договорот, по што треба да биде испратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван. По ратификацијата следува негово потпишување од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој најави дека нема да го поддржи. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2018 10:00
•
Posted by: MK News
Преговорите меѓу Македонија и Грција се обновија кон крајот на минатата година по речиси три годишен застој, најпрво со средби со посредникот на ОН Метју Нимиц со преговарачите Василакис Адемнатиос и Васко Наумовски, а потоа преговорите се подигнаа на повисоко ниво, на ниво на шефови на дипломатии. Премиерите ја имаа првата директна средба на Светскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 22:12
•
Posted by: MK News
Во центарот на Скопје пред малку дојде до полициска интервенција насочена кон групата демонстранти собрани пред зградата на Собранието, да го изразат својот револт против промената на името на Македонија. ТВ21 од видео материјалот што го обезбеди има сознанија за двајца повредни полицајци и едно уапсено лице. Демонстрантите фрлаа предмети кон полицијата во обид да […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 21:58
•
Posted by: MK News
Има неколку повредени во демонстрациите вечерва пред Собранието на Македонија. Интервенираше и Брзата помош, јавува САКАМДАКАЖАМ.МК Од службата за итна помош за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека интервенирале на барање на полицијата и дека нивните екипи се на терен, без да дадат информации за бројот на повредени. Полицијата употреби десетина шок бомби и солзавец за растурање на демонстрантите.
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 21:51
•
Posted by: MK News
Накратко по почетокот на протестот пред Собранието на Р.Македонија, дојде до судир помеѓу полицијата и демонстратите, откако истите ја срушија заштитната ограда пред Собранието, јавува Република.мк Полицијата ја растера толпата со шок-бомби и солзавец. Демонстратите се жалат на проблеми со дишењето, а Инфомакс објави дека е повреден новинарот на редакцијата кој го покривал настанот. Насобраните […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 21:43
•
Posted by: MK News
Видео на кое се гледа како оддеднаш дојде огромниот темен облак кои направи хаос во Скопје за само 15 сетина минути. Огромна количина на град и дожд и тоа оддеднаш го затемнија главниот град. Многу улици беа поплавени неможејќи да ја соберат огромната количина вода која наврна за кусо време.. Погледнете како оддеднаш црниот облак […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 21:35
•
Posted by: MK News
Полицијата со солазавец и шок бомби ги растера демонстрантите кои протетсираа пред Собранието поради потпишаниот договор со Грција за конечно репавање на спорот за името. Пред Собранието имаше околу 2.000 демонстранти. Околу 21 часот демонстрациите станаа насилни, оти демонстрантите почнаа да ја тргаат оградата и се обидоа да влезат во Собранието.
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 21:23
•
Posted by: MK News
Неколку илјади граѓани и вечерва се пред Собранието да го изразар своето несогласување со договорот со Грција за промена на уставното име, кој беше потпишан денеска во Преспа. Организатори на вешерашниот протест се навивачката група Комити. Се пејат патриотски и народни песни за Македонија, а дел од приутните запалија и бакљи. Уа за предавниците, извикуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 21:17
•
Posted by: MK News
Требаше многу време и многу пат за да стигнеме таму каде што сме денеска. Ова е историски ден и можност за граѓаните на Северна Македонија да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции. На крајот од денот сите ќе видат дека договорот е добар компромис во кој сите добиваат по нешто, изјави еврокомесарот за проширување и […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 21:15
•
Posted by: MK News
Ова е историски ден за двете земји, но и за Европската унија и за Балканот, порача високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини по пристигнувањето во Отешево. – Многумина беа скептични за договорот, а двајцата премиери и министри за надворешни работи беа истрајни за да го постигнат. Двете страни не направија […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 21:05
•
Posted by: MK News
Клучни точки од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска од министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. ИМЕ Официјално име на државата ќе биде Република Северна Македонија или Северна Македонија (скратено име). ЈАЗИК Со Договорот се признава – Македонски јазик, дел од […]
______________________________________________________________________________________________________
17/06/2018 20:53
•
Posted by: MK News
Попладнево Скопје е погодено од силно невреме проследено со силен дожд. На моменти паѓаше и град, а дополнително невремето е засилено од грмежи и силен ветер. Улиците веќе се под вода.
______________________________________________________________________________________________________