Хронологија на настаните пред конечниот договор за името


Преговорите меѓу Македонија и Грција се обновија кон крајот на минатата година по речиси три годишен застој, најпрво со средби со посредникот на ОН Метју Нимиц со преговарачите Василакис Адемнатиос и Васко Наумовски, а потоа преговорите се подигнаа на повисоко ниво, на ниво на шефови на дипломатии.

Премиерите ја имаа првата директна средба на Светскиот економскиот форум во Давос, каде беа направени првите отстапки, Македонија ги преименува аедромот и автопатот, а Грција ја одблокира втората фаза на земјава во процесот на Стабилизација и асоцијација со ЕУ и овозможи на Македонија да стане членка на Јадранско-јонската иницијатива.

Клучна за преговорите беше средбата на Заев и Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа минатиот месец во Софија. Самата средба на двајцата премиери, како да беше централен настан на Самитот, кој во таков формат последен пат се одржа во Солун 2003 година, а сите високи претставници на меѓународната заедница од Самитот излегоа со поддршка двете земји да го решат спорот. Германската канцеларка Ангела Меркел, својата официјална прес-конференција ја почна со поздрав до напорите на Македонија и Грција за решавање на спорот.

Во телефонскиот разговор на 12 овој месец двајцата премиери го потврдија договореното, а потоа ја информираа јавноста во своите земји.

Спорот за името почна веднаш по осамостојувањето на Македонија во 1992 и нејзиниот прием во ОН, на 8 април 1993 година. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќаше нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. На Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година иако поканата за Македонија беше повеќе од извесна, Грција го искористи своето право на вето поради нерешениот спор.

Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот, кои по речиси 27 години се комплетираат денеска со потпишување на договор.

Со решавање речиси тридеценискиот спор конечно се отвора патот на Македонија да стане членка на Европската унија и НАТО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1