27/03/2018 16:42
•
Posted by: MK News
Рускиот дипломат е протеран од земјава не само поради солидарност со Британија и ЕУ за случајот Скрипал туку и поради тоа што излегол од рамките на својот мандат. Министерот Димитров тврди дека постојат докази оти дипломатот со своите активности ја загрозил безбедноста на Македонија Сепак, Димитров уверува дека ова нема да ги наруши пријателските односи […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2018 16:41
•
Posted by: MK News
Владата еднострано го раскинува договорот со концесионерот на Казандол, објави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. – Владата на РМ е посветена целосно на економскиот раст и заштита на здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните е над било кој приватен интерес и еколошката безбедност на државата над било кој приватен интерес. Оваа порака ја испраќаме […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2018 16:37
•
Posted by: MK News
Димитар Апасиев, доцент на Правен факултет на универзитетот „Гоце Делчев” од Штип и член на партијата Левица, на својот Фејсбук профил ја критикува одлуката на Македонија да протера еден руски дипломат во знак на солидарност со Велика Британија во случајот „Скрипаљ”. „Протеруваш ДИПЛОМАТ од земја која те признава под уставно име, за да ѝ угодиш […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2018 16:35
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа. Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра. Според информациите на МВР досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра. Инспекторите најчесто […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2018 16:29
•
Posted by: MK News
Јавното обвинителство на РМ денеска до основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година, соопшти на прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Како што Јовески појасни, 28 лица од нив се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2018 16:24
•
Posted by: MK News
За времена на насилствата во парламентарната сала и во прес салата на Собранието, во две канцеларии во законодавниот дом биле поставени екплозивни направи, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Експлозивните направи биле подоцна пронајдени под бироата во две канцеларии. Како што рекоа од Јавното обвинитеслтво, додека го вршеле нападот, сите обвинети ги користеле сите предмети до […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2018 13:13
•
Posted by: MK News
Македонската страна ќе ги носи последиците од протерувањето на рускиот дипломат, објави вечерва руската амбасада во Македонија на Твитер, по одлуката на македонското Министерство за надворешни работи да протера еден руски дипломат поради случајот Скрипал. – Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2018 13:03
•
Posted by: MK News
Денеска ги известивме руските власти за нашата одлука да протераме еден руски дипломат, во тесна консултација со нашите партнери и сојузници, во целосна солидарност со Велика Британија, како и да ги заштитиме сопствените безбедносни интереси на Македонија. Ова вечерва на Твитер го напиша шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, по одлуката на Министерството за надворешни […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2018 15:39
•
Posted by: MK News
Министерот за економија, Крешник Бектеши лидер по трошења во ресторани и угостителски објекти во земјава и странство. Според алатката што ја објави Владата – министерот Бектеши, за шест месеци, минатата година направил сметка од 14 илјaди евра само за угостителски услуги во земјата и странство. Следен на листата вицепремиерот Бујар Османи, кој за истата намена […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2018 15:02
•
Posted by: MK News
Пообилни поројни врнежи од дожд се најавуваат за попладне и вечерните часови во југоисточните делови од земјава. Во текот на ноќта пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови, локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен, а на планините снежната покривка значително ќе се зголеми. Утре и во вторник ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2018 14:49
•
Posted by: MK News
Познати се овогодинешните 10 најуспешни менаџерки во Македонија. Тие ќе бидат прогласени на годинашниот 22. избор на Топ 10 најуспешни што го организира агенцијата „Марили“ на 29-ти овој месец. Пенка Мукаетова од Интел консталтинг груп, Лидија Таскова „ЕСП“, Горица Дачевска ПЗУ „Др. Горица Дачевска“, Ирена Кузмановска „Комфи Ангел“, Јана Јанеска-Ристеска Центар за современа ликовна уметност, […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2018 20:31
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски на својот фејсбук профил ги коментира разговори Македнија-Грција за името. Според него, со овие разговори Македонија влегла во дипломатска замка и затоа предлага да се вратат преговорите кај медијаторот Нимиц. -Имам чувство дека со билателарните разговори со Грција влеговме во една голема дипломатска замка.Што поскоро треба да се вратиме […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2018 20:29
•
Posted by: MK News
Почнувајќи од утре на пладне Македонија ќе ја зафати влажен бран со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Како што информираат синоптичарите, врнежите ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови, особено во западните и југоисточните делови, каде локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи. На […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2018 20:15
•
Posted by: MK News
Во периодот од 15 до 17:15 часот утре сообраќајот во централното градско подрачје во Скопје ќе биде пренасочен по одредени сообраќајници поради уличната акција организирана од здружението Млади европски федералисти на потегот од Собранието на Република Македонија до Скопско кале. Како што соопшти МВР, трасата на движење на уличната акција е од пред Собранието и […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2018 13:19
•
Posted by: MK News
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, од ноќеска времето во два часот по полноќ ќе се смета како три часот, со што почнува летното сметање на времето. Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето за 2018 година е усвоена на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2018 11:45
•
Posted by: MK News
Пред 12 поголеми супермаркети на територијата на општина Карпош денеска и утре ќе се спроведе хуманитарната акција „Подај рака, донирај за твојот сосед“. Целта на акцијата, што традиционално се спроведува во пресрет на Велигденските празници, како што нагласуват од локаната самоуправа, е да им се помогне на социјално ранливите категории граѓани на општина Карпош. – […]
______________________________________________________________________________________________________
23/03/2018 21:32
•
Posted by: MK News
Претставници на грчкиот државен протокол кои го проверувале скопскиот аеродром нашле потенцијален проблем за кој се бара интервенција од домаќините во пресрет на посетата на министерот Коѕиас на Скопје, пишува порталот Expres.mk. Проблемот е продавницата за македонски вина која што им боде очи на членовите на грчкиот протокол и за која се бара интервенција […]
______________________________________________________________________________________________________
23/03/2018 17:03
•
Posted by: MK News
Сите заинтересирани микро, мали и средни компании, како и граѓански организации можат да се пријават на јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за труд и социјална политика „ОброкЗаСите“ кои со финансиски средства ќе помогнат да се реализираат најиновативните решенија за обезбедување храна за сиромашните граѓани, понудени на повикот. – „ОброкЗаСите“ […]
______________________________________________________________________________________________________