Archive | Македонија RSS feed for this section

Ќе се уриваат „Воинот на коњ“, „Порта Македонија” и „Филип Втори“ – но не и „Скендербег“ и „УЧК“

По Ќосето, следни на листата за дислокација се споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија, порта Македонија, споменикот Мајка Тереза чија градба е веќе стопирана. За нив веќе се готови елаборатите. А од вчера е предаден за мислење и елаборатот за споменикот на Филип Втори, потврди за Алфа Мирослав Грчев, кој раководи со ова тело. […]

______________________________________________________________________________________________________

Османи размислувал како Европеец, а не како Албанец за бојкотот на конференцијата поради неприсуството на Косово

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека одлуката да не учествува на конференција во Босна и Херцеговина поради Косово, е во интерес на Македонија. Според Османи, Косово морало да биде покането на конференција посветена на Западен Балкан. Вицепремиерот за евроспки прашања исто би постапил и доколку не беше поканета било која друга држава. Одлуката не сум ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Се отстранија буквите од името на аеродромот ,,Александар Велики‘‘, преименуван во ,,Скопје‘‘

Александар Велики денеска официјално замина во историјата од скопскиот аеродром. Со помош на кран од утрово се отстрануваа буквите од досегашното име. Ќе се вадат и таблите на англиски од страната на аеродромската писта. Овие активности ги презема концесионерот на аеродромот. – Почнавме да ја имплементираме Одлуката на Владата. Знакот со името на терминалната зграда […]

______________________________________________________________________________________________________

Студено со врнежи од снег

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и во понеделник претпладне, кога насекаде ќе се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см). Ќе дува умерен, долж Повардарието и […]

______________________________________________________________________________________________________

Да му помогнеме на дедо Киро, тој е на работ на егзистенцијата!

Киро Пасков е на самиот раб на егзистенција, итно му се потребни финансиска и медицинска помош. Условите во кои живее придонесуваат за влошување на неговата здравствена состојба. Апелот за помош го пренесува „Донации“. Државните институции и социјалните служби сè уште немаат слух за лицата како Киро, кои, за жал, ги има во голем број во […]

______________________________________________________________________________________________________

Биљал Касами реизбран на конгресот на БЕСА во Скопје

Биљал Касами со поддршка од 455 делегати е реизбран за претседател на Движењето Беса, на конгресот на партијата во Скопје. Конгресот го организираше едното крило на „БЕСА“, додека минатата недела на конгресот во Тетово на другото крило во партијата за лидер беше избран Африм Гаши. По изборот, Касами ги нарече последните превирања во Беса, игри […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична за 42 годишна жена од Kавадарци за трговија со дете – во врска со случајот со штитеничката од „25 Мај“

Кривична пријава за трговија со дете поднесе денеска Министерството за внатрешни работи против 42-годишна кавадарчанка, во врска со случајот со штитеничката од ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25-ти Мај“. Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до Основното јавно обвинителство за сузбивање организиран […]

______________________________________________________________________________________________________

Посебна пратеничка група ќе се бори за правата на ЛГБТ заедницата

Истополови бракови и посвојувања на деца од истополови двојки се прифатливи за половина од пратениците кои учествувале на истражување за правата на ЛГБТИ луѓето и заштита од дискриминација спроведено од јули до номеври 2017 година од страна на коалицијата „Маргина“ Сепак, анектата ја прифатиле само 13 од 120те пратеници од Собранието. Од нив 8 немаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Агенцијата за медиуми ја започна проверката за медиумска концентрација помеѓу тв24 и Телекабел

Во следните 45 дена Агенцијата за медиуми ќе испитува дали постои недозволена медиумска концентрација кај ТВ 24 вести и Телекабел. Откако на вчерашната седница Советот на Агенцијата одлучи да поведе постапка, во следните денови ќе се обезбедува неопходната документација. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вели дека ТВ 24 веќе еднаш побарале […]

______________________________________________________________________________________________________

Доаѓаат студените денови, подгответе се за најладните денови месецов

Времето утре ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови. Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната од пет до 11 степени. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека од недела нашето подрачје ќе биде под влијание на […]

______________________________________________________________________________________________________

Девојчето, штитеничка од „25 Мај“ ја продавале за цена од по 700 денари

Кога полицијата го пронашла 12-годишното девојче од „25 Мај“, кое било во бегство, пред старателот и инспекторот за малолетничка деликвенција изјавила дека ја нашле на место каде давала сексуални услуги. Според заменикот народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа во евидентниот лист од разговорот стои дека таа имала сексуален однос со петмина мажи за цена од по […]

______________________________________________________________________________________________________

Ацо Колевски нов член на Советот на јавни обвинители

Ацо Колевски, кој е именуван за член на Советот на јавни обинители, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Смета дека со своето долгогодишно искуство може да придонесе во работата на Советот, особено за зајакнување на самостојноста на јавните обвинители во Република Македонија. Запрашан како ќе ја поправи сликата за Советот, каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Ванчо Шехтански: Шилегов да го отстрани двоглавиот орел во Чаир

Ванчо Шехтански, лидер на политичката партија ТМРО, кој беше функционер во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, очекува скопскиот градоначалник Петре Шилегов да постапи по одлуката од февруари 2016, која претходниот градоначалник Коце Трајановски не ја спроведе и веднаш да го отстрани, како што пипшува, споменикот на УЧК, кој е дивоградба во скопската населба Чаир. „Петре Шилегов, […]

______________________________________________________________________________________________________

Целосно непочитување на законите и преиспитување на работата на судииите

Анализата на дванаесет правосилни судски случаи за предмети процесирани во изминатите десет години покажува целосно непочитување на законите и една голема потреба од сериозно преиспитување и на работењето на судиите и на судската практика во Македонија, изјави денеска претседателката на Транспаренси интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева. Согледувањата се поразителни, посочи Тасева на денешната промоција на темелната анализа […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата почнува процедура за трет мобилен оператор

Владата започнува со создавање услови за влез на трет мобилен оператор во земјава. Како што информира на денешната средба со новинарите министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ова ќе биде и една од клучните теми на која тој ќе разговара на ГСМ Саемот што од недела започнува во Барселона, Шпанија. – На саемот […]

______________________________________________________________________________________________________

Контроли на месарници – уништени 414 килограми небезбедно месо

Нехигиена во објектите, неспроведени мерки за дезинфекција и дезинсекција, неправилно декларирање на месото, непоседување на комерцијален документ за пратка месо се недоследности кои биле констатирани од страна на инспекциските контроли што ги спровела Агенцијата за храна и ветеринарство од декември досега. Како што соопштија од Агенцијата, со засилени инспекциски контроли биле опфатени 398 месарници во […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев најави промена на министри и директори

По рекапитуларот на работата на власта, што ќе се случи по десетте месеци од стартот на Владата, оваа пролет, можно е да има реконструкција, промена на директори, но и промена на министри и државни секретари, изјави за порталот Призма премиерот Зоран Заев. – Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да […]

______________________________________________________________________________________________________

УЈП отвора нови шалтери за поднесување на Годишната даночна пријава

Во општинските згради на „Ѓорче Петров“, Бутел, Гази Баба и Аеродром како и на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници во зградата на ССМ, Управата за јавни приходи (УЈП) отвори дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава. Од УЈП инфомрираат дека годишните даночни пријави во новотворените шалтери ќе можат да се вршат од […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1