Archive | Македонија RSS feed for this section

Милошоски со видео на својот Фејсбук, најави дека денеска ќе биде дел од протестот за името

Пратеникот Антонио Милошоски  со видео порака на својот Фејсбук, најави дека денеска ќе биде дел од протестот за името, иако вчера ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека не стојат зад протестот. – „Утрешниот протест за зачувување на идентитетот и на уставниот суверенитет на Република Македонија, доколку биде достоинствен и мирен, без разлика што е зимно време, може да […]

______________________________________________________________________________________________________

Грчки медиуми: Заев стави вето за промена на Уставот и за име без превод

Во коментарите на вчерашното интервју на македонскиот премиер Зоран Заев за „Еуроњуз“ грчките медиуми ја користат изјавата на Ангела Меркел од заедничката прес конференција во Берлин токму со него за тоа дека „јавните изјави може повеќе да му наштетат на процесот“. „Грчки дипломатски извори се прашуват која е намерата на јавните споменувања од скопската страна […]

______________________________________________________________________________________________________

Владиката Агатангел ќе учествува но нема да го предводи протестот за одбрана на името

Владиката Агатангел нема да го предводи вечерашниот протест за одбрана на државата и идентитетот на нацијата. Иако шесте патриотски здруженија најавија дека на чело на протестниот марш ќе застане тој, повардарскиот митрополит Агатангел за „Макфакс“ вели дека ќе биде учесник, но не и предвоник. Протестот ќе започне во 18 часот пред ЕУ инфо-центарот, од каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Една година условна казна за неврохирургот Чапаровски

Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ Александар Чапаровски денеска на првото судско рочиште призна вина и доби условна казна од една година, која нема да се изврши доколку во следниве две години не стори ново кривично дело. Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. При извршениот […]

______________________________________________________________________________________________________

Професионален спасувач прашува: Зошто не се применети процедурите за спасување на Кајмакчалан?

Извештај на Планинска спасителна служба (ПСС) во врска со настаните од 10 и 11.02 2018 година. Како што јавноста беше претходно запознаена преку медиумите за време на викендот 10.-11.02.2018г. во регионот за Шар планина беа спроведени две акции/потраги за спасување на загубени/исчезнати лица. Во овие случувања директно инволвирани беа двајца Француски, двајца Косовски и четри […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре истекува рокот за поднесување на годишните пресметки за правните субјекти

Рокот за поднесување на годишните сметки за правните лица истекува утре, додека самостојните вршители на дејност можат да ги поднесуваат годишните сметки до 15 март годинава во хартиена и електронска форма, информира Централниот регистар на Република Македонија. – За субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва рокот за поднесување на годишните сметки и […]

______________________________________________________________________________________________________

Снег до петок, викендот затоплување

До крајот на денот нè очекува облачно и студено време со врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Снежната покривка ќе продолжи да се зголемува, а ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. И во Скопје ќе се задржи облачно со врнежи од снег и со умерен северен ветер. Утре ќе преовладува […]

______________________________________________________________________________________________________

Казни и до 4.000 евра за неисчистен снег во Македонија

Во Законот за јавна чистота се пропишува дека општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи, пишува порталот еМагазин. Во истиот закон се пропишува дека во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници […]

______________________________________________________________________________________________________

Четиринаесет години од смртта на претседателот Трајковски

Во Македонија одбележани 14 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски положија членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани Во авионска несреќа што се […]

______________________________________________________________________________________________________

Родилката од Кичево починала поради погрешно интубирање

Лекарска грешка најверојатно е причината за смртта на родилката од Кичево која почина за време на царски рез во Санте Плус. Неофицијално, тоа го покажува обдукцискиот наод кој уште минатата недела бил доставен до обвинителството и до комисијата формирана од МЗ. За време на анестезијата, според неофицијалните информации, тубусот наместо во душникот и бил поставен […]

______________________________________________________________________________________________________

Важни совети како да возите по снежни и замрзнати коловози

Возење автомобил во зимски период, особено кога има снег за голем дел од возачите преставува проблем, што и не треба да биде зачудувачки бидејќи во многу нешта се разликувауправувањето на возилото во зимски услови отколку во другите годишни времиња. Како да се стартува возилото, како да се управува и да се кочи на снег и […]

______________________________________________________________________________________________________

Последна анализа: Македонија ќе ја затрупа снег!

Според последните направени анализи до утре (понеделник) наутро а особено до вторник наутро целата наша држава ќе биде покриена со снежна покривка. Се очекува ГОЛЕМА КОЛИЧИНА на снег. Очекувана количина на снег: На пониските места за време на овој снежен бран од 10 до 20 цм – на некои места преку 30 – 40 сантиметри […]

______________________________________________________________________________________________________

Поради снегот во Скопје, скратени или во прекин повеќе автобуски линии

Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќа автобусот до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 80, 80а и 180. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусот со број 3 место до „Панорама“ сообраќа до Клинички центар, а 16 место до Пржино сообраќа до црквата „Св. Петка“. Автобусот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кавадарчанка го принудувала 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“ на секс со мажи

Кривична пријава за трговија со дете поднесе денеска Министерството за внатрешни работи против 42-годишна кавадарчанка, во врска со случајот со штитеничката од ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25-ти Мај“. Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до Основното јавно обвинителство за сузбивање организиран […]

______________________________________________________________________________________________________

Солза Грчева ја формираше партијата Глас за Македонија

Поранешната пратеничка Солза Грчева формираше нова партија „Глас за Македонија“, која ќе дејствува опозициски. Таа на својот профил на Фејсбук им се заблагодари на сите кои присуствувале вчера на вчерашното Основачко собрание во Александар Палас. „Благодарам на сите прекрасни луѓе кои денес беа дел од Основачкото Собрание на ГЛАС за Македонија. Ќе работиме сите заедно […]

______________________________________________________________________________________________________

Прес-конференција на Заев и Јункер – Заев: Прифатливо е име со географска одредница

По средбата во Владата, премиерот Зоран Заев и претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, одржуваат заедничка прес-конференција. Јункер денеска е во неколкучасовна посета на Скопје, од каде ја почнува и балканската турнеја која на 1 март ја завршува во Софија.Ненајавено, заедно со Јункер во Скопје пристигна и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан Премиерот Зоран Заев […]

______________________________________________________________________________________________________

Татко моли за помош да не го одделуваат од болната ќерка која е на лекување во Турција

Велешанец моли за помош да не го одделуваат од болната ќерка која е на лекување во Турција, откако тамошните власти попладнево сакаат да го депортираат во Македонија. Александар Здравевски, чија едногодишна ќерка под итно мораше да се лекува во болница во Истанбул денеска на социјалните мрежи сподели апел за помош, барајќи македонските институции да му […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Неучеството на регионалната конференција е приватизирање на државата за свои лични потреби

„ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценувам за незрело и скандалозно однесувањето на потпретседателот на владата кој по сопствена оценка и поради причини кои никако не ја засегаат Република Македонија одлучил да не учествува на регионалната конференција на која се преставувани државите од Западниот Балкан и на која се разговара за европската интеграција на регионот. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1