Последна анализа: Македонија ќе ја затрупа снег!


Според последните направени анализи до утре (понеделник) наутро а особено до вторник наутро целата наша држава ќе биде покриена со снежна покривка. Се очекува ГОЛЕМА КОЛИЧИНА на снег.

Очекувана количина на снег: На пониските места за време на овој снежен бран од 10 до 20 цм – на некои места преку 30 – 40 сантиметри додека на планините зголемување на снежната поркивка дури за преку 60 – 70 цм.

Зимската служба на општина Аеродром во текот на ноќта го расчистуваше снегот во Горно и Долно Лисиче, улиците „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓи Капчев“ и улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“.

– Двете општински возила во текот на вечерните часови фрлија вкупно 12 тони сол, а акцијата продолжи и утрово. Сезонските работници се ангажирани да ги расчистуваат приодите околу градинките и училиштата, а се интервенира и на автобуските постојки, информира општина Аеродром.

Зимската служба на општина Аеродром ги расчистува улиците, паркинзите и патеките кои се под надлежност на општината и фрла сол за да се спречи замрзнување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1