Archive | Македонија RSS feed for this section

Одземени надлежностите на градоначалникот Таравари во образованието

Вчера попладнето му се одземени надлежностите на градоначалникот на општина Гостивар во делот на образованието и во тоа во делот што се однесува на именување и разрешување на директори на општински основни и средни училишта, информира министерката за образование и наука Рената Дескоска.Таа одговарајќи на пратеничко прашање рече дека причина за тоа е фактот што […]

______________________________________________________________________________________________________

АВМУ ќе расправа за одземање дозволи на радиодифузери

Предлог-одлуки за одземање дозволи на радиодифузери е една од точките на дневниот ред на денешната 11. седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Две од точките се однесуваат на ТВ 24. Агенцијата ќе расправа за Предлог-заклучок во врска со констатациите од увидот во документите за регистрација на правните лица коишто се основачи на ТВ […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е прилепчанецот што доби 520.000 евра на спортска: Се уште сум возбуден по добивката

Четириесет и осумгодишниот прилепчанец Ване Лесноски денеска е главна тема во својот роден град, па и во Македонија, откако синоќа се дозна дека ја има најголемата добивка на спортско обложување од 520.000 евра. И по 12-тина часа од среќната вест се уште е возбуден и со неверување. Го затекнавме на излегување од својот семеен дом. […]

______________________________________________________________________________________________________

Прилепчанец доби пола милион евра на спортска – Видео

Пасиониран играч на обложувалница од Прилеп доби рекоредна добивка од преку 500 илјади евра откако погоди 7 идентични ливчиња со вкупна уплата од околу 600 денари. Среќникот вчера ги чекаше последните две средби Шахтјор – Рома и Севиља -Манчестер. Неофицијално дознаваме дека денеска од Моцарт му е исплатена добивката што долго ќе се памети од […]

______________________________________________________________________________________________________

Алијанса на Албанците бара поништување на конкурсот за доделување средства во културата

Комисијата за култура во Алијанса на Албанците, на денешната прес конференција побара од Министерството за култура да ја повлече одлуката за доделување средства за годинешната програма за култура, заради неправилности и непочитување на правилникот за доделување средства. – Одделот за култура во Алијасна на Албанците контактираше со колеги уметници од различни смерови на уметноста и […]

______________________________________________________________________________________________________

Телевизијата „Алфа“ си ја платила дозволата за работа – Сител 3 остана без дозвола за емитување

Агенцијата за медиуми ја запре постапката за одземање на дозволата за работа за телевизијата „Алфа“ откако телевизијата го платила долгот од 3,5 милиони денари. Советот на Агенцијата е должен да почне постапка за одземање на дозволата на секој радиодифузер што нема да ја плати фактурата за радио или телевизиско емитување во рок од 30 дена […]

______________________________________________________________________________________________________

Пошта, Аеродроми и Железници ја финансирале кампањата на ДУИ

„Македонска пошта“, „Аеродроми на Македонија“ и „Македонски железници – инфраструктура“ се јавуваат на листата на донатори на ДУИ во 2016 година, што е спротивно на законите за спречување на корупцијата и за финансирање на политичките партии, објави денеска „Транспаренси интернешнл-Македонија“. По преставка од Трансперенси, Антикорупциската комисија за ова го известила Обвинителството, поради сомнение за злоупотреба […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија ќе извезува експерти и знаење

Крајно време е државата да почне со рехабилитација , односно реновирање на постоечките енергетски капацитети. Да се фокусира кон обновливи извори на енергија, но и кон традиционалниот начин за производсто на струја. Ова е пораката од швајцарскиот консултант , која веќе 6 години работи и во Македонија Сега, преку новоформираниот Клуб на консултанти ќе извезува […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР објави вонредна прогноза за овој викенд

Позначително заладување се очекува за време на викендот, а до утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови каде се очекува да наврнат над 25 л/м2. Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а до петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринава, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се испитува потребата од жичница од Козле до Средно Водно

Владата го разгледа новиот текст на Информацијата за изградба на жичница од Козле до Средно Водно, за период од 1 јули до 31 декември 2017 година. Таа ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје да донесат соодветна одлука за целисходноста на овој проект.

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителството ќе ги истражува причините за загинувањето на планинарите на Кајмакчалан

Скопското Јавно обвинителство постапува за расветлување на трагедијата на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животот го загубија македонските планинари Калина Велевска и Александар Миновски.o – Надлежен јавен обвинител издаде наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на […]

______________________________________________________________________________________________________

Арнаудов, Дамовски и Илиевски излегуваат од Шутка

Пратеникот Љубен Арнаудов, и организаторите на протестите за „Заедничка Македонија“ Борис Дамовски и Богдан Илиевски излегуваат од Шутка. Скопска апелација ги прифатила нивните жалби и им ја преиначила мерката притвор во домашен притвор а истовремено да им се одземе и пасошот, потврдиле од судот.

______________________________________________________________________________________________________

Сведоштво: Злоставуваното девојче од „25 мај“ босо и во бесознание било оставено на улица

Според сведоштво на велешанец за порталот „Сакам да кажам“ 13-годишното девојче од домот „25 мај“ пред четири месеци било пронајдено во бесознание среде улица. Како што тој вели за „СДК“ девојчето било пронајдено во бесознание во ноември минатата година во вечерните часови, а по објавувањето на случајот во медиумите сфатил дека стануа збор за истото […]

______________________________________________________________________________________________________

Панајотопулос: Не знам зошто чекале, ако ги имавме тие два часа, планинарите можеби ќе беа живи

Дел од интервју на директорот на ски-центарот „Ворас“ (Кајмакчалан), Танос Панајотопулос за  Нова Македонија. Неколку дена по трагедијата на Кајмакчалан во која животите ги изгубија Калина Велевска и Александар Миновски, екипа на „Нова Македонија“ беше на местото на настанот во обид да прибере што повеќе информации и да ја открие вистината за тоа што се […]

______________________________________________________________________________________________________

Ердоган: Први го признавме уставното име на Македонија и не мрдаме од тоа

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за време на средбата со претседателот Ѓорге Иванов во Анкара ја повторил поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, а го реафирмирал и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија, соопшти прес-службата од Кабинетот на Иванов. „Ние сме први што го признавме уставното […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи решение кое поразбира промена на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржува решение кое ќе биде штетно за интересите на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи решение кое поразбира промена на Уставот а со цел промена на уставното име – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата Отворено на 24 вести. Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се бришат од регистарот сите незаконски запишани споменици и објекти од „Скопје 2014“

Владата денеска на седница ја усвои Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 и Акцискиот план, со кои и практично треба да почнат темелните реформи кои ги најавува Министерството за култура. Децентрализација и деметрополизација на културата и пристап до неа за сите граѓани подеднакво, се главните цели на културниот развој планирани за идните пет години. […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов скандал со штитенички на домот „25 мај“ – уште две трудни малолетнички

17 годишна штитеничка од домот 25 мај наскоро ќе стане мајка. Одлучила да го задржи бебето откако забременила од нејзиниот партнер со кој живеат под ист кров, во домот. Нејзината судбина нема да ја дели 15 годишна малолетничка од истиот дом, која решила да абортира. Две малолетни девојчиња, штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1