20/02/2018 18:39
•
Posted by: MK News
Клиниката за детски болести од денеска ги затвори вратите за посети на сите одделенија во установата. Причина е зголемениот број на грипозни пациенти како и смртта на две и пол годишното дете од Штип кое имало Даунов синдром и невролошки заболувања а му бул дијагностициран и грип. Состојбата му се искомплицирала и леарите не успеале […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2018 18:29
•
Posted by: MK News
28 годишниот штипјанец Марко Леопард е дел од најголемата досега откриена сајбер криминална група. На официјалната веб страна на министерството за правда на САД, Леопард заедно со уште 36-мина од Украина, Англија, Египет, Пакистан, Австралија, Србија, Косово и САД, се товарат дека предизвикале вистинска загуба за потрошувачите, бизнисите и финансиските институции во висина од 530 […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2018 18:26
•
Posted by: MK News
Пратениците Горан Мисовски, Фросина Ташевска Ременски и Весел Мемеди денеска се избрани за потпретседатели на Собранието на Република Македонија. Изборот на Мисовски, Ташевска Ременски и Мемеди помина без дискусија. Гласањето на пратениците за потпретседателите беше поединечно, а тие беа избрани со по 61 глас „за„ и еден воздржан и без ниту еден глас против. Опозициската […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2018 18:24
•
Posted by: MK News
Порталот „Точка“ го објави целиот извештај што грчката полиција го доставила до Управата за судска медицина во Солун со барањето за обдукција на телата на Калина и Александар кои загинаа откако го искачија Кајмакчалан. Извештајот е преведен од грчки на македонски јазик, а „Точка“ пишува дека го добиле од семејствата на двајцата планинари.
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2018 18:12
•
Posted by: MK News
При испитување на крвта на 12-годишното злоставувано девојче од „25 Мај“, за да се утврди дали е бремена, анализите утврдиле дрога во нејзината крв. Дополнително ќе се утврдува дали е девојчето дрогирано. Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа вели дека институциите потфрлиле при заштитата на девојчето за кое државата требало да се грижи, откако им […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2018 15:54
•
Posted by: MK News
Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, дознава „Независен весник“. Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2018 15:51
•
Posted by: MK News
ЈП „Македонија пат“ на терен ги повлекува сообраќајните табли со досегашниот назив на автопатот „Александар Велики“ на Коридорот 10, а кои согласно одлука на Владата треба да бидат заменети со нови што ќе го содржат името „Пријателство“. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека веќе ги нарачале 19-те сообраќајни табли со новото име. Набавката […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2018 15:48
•
Posted by: MK News
Собранието на денешното продолжение на 24. седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, објасни дека со одредбите на Законот за пензиско и инвалидското осигурување како категорија на осигуреници се опфатени и индивидуални земјоделци. Од 2013 година, […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2018 15:46
•
Posted by: MK News
Во двата нови случаја на бременост на малолетнички, штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни проблеми „25 Мај“ од Скопје, нема злоставување или сексуална експлоатација. Тие забремениле откако своеволно имале односи со штитеници од установата со кои биле во врска, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Едната малоленичка која била 15-годишна ја прекинала […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2018 15:44
•
Posted by: MK News
Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски по бројните реакции за проектите на кои им се доделени пари со Програмата за култура во 2018 година и на барањето и очекувањето од ВМРО-ДПМНЕ да понесе морална и политичка одговорност. Најбурни се реакциите поради доделени средства на шефот на кабинетот на државниот […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2018 17:11
•
Posted by: MK News
Александар Миновски, планинарот кој загина со Калина Велеска на Кајмакчалан бил жив во моментот кога првите спасувачки екипи ги пронашле двајцата изгубени планинари. Ова го покажува барањето за обдукција на грчката полиција до кој дојде Телма. Напишано е на 11 ти февруари, ден по несреќата односно истиот ден кога се извлечени телата. Но, во него […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2018 17:02
•
Posted by: MK News
Дете од Скопје, на возраст од две и пол години, синоќа починало на Детската клиника во Скопје, каде било сместено повеќе од еден месец борејќи се со неколку посериозни заболувања. Во текот навчерашниот ден доаѓа неговата состојба нагло се влошила и било префрлено Одделот за Интензивна нега и терапија, но сите обиди за реанимација останале […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2018 13:46
•
Posted by: MK News
Директорот на Заводот за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“ Стевчо Соколовски поднесе оставка од морални причини откако во јавноста беше обелоденет случајот со 13-годишното девојче кое минатата недела абортираше. Комисијата што ја формираше во Министерството за труд и социјална политика (МТСП), пак, утврди дека стручните служби и назначениот старател […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2018 13:26
•
Posted by: MK News
Првите луѓе на регулаторните тела за електронски комуникации на Македонија и на Бугарија на средба во Скопје разговараа за можностите за намалување на цените на роаминг услугите меѓу претплатниците во Македонија и Бугарија. При посетата на претседателот на регулаторното тело надлежно за електронски комуникации во Бугарија, Росен Жељазков на македонската Агенција за електронски комуникации (АЕК) […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2018 13:18
•
Posted by: MK News
Цената на горивата од ноќeска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19, односно за 4,21 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2018 13:17
•
Posted by: MK News
Анализата и извештајот за зимското искачување на Кајмакчалан 2018-та на ФПСМ е полн со пропусти, недоречености и содржи низа контроверзии, кои сигурно треба да бидат расветлени докрај од страна на надлежните државни институции, објави весникот Нова Македонија. -Извештајот како што е составен, вклучувајќи ги и дополнителните изјави и објаснувања на некои од луѓето што застанаа […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2018 13:11
•
Posted by: MK News
Зијадин Села денеска дојде во Судот за да сведочи за настаните од Собранието од 27. април, кога тој беше брутално нападнат. Села го впери погледот кон обвинетите спроти него и рече: – „Еве го Села, ајде да го убиеме. Фрлаа предмети кон мене, немав лично обезбедување. Тука беше само обезбедувањето на Зоран Заев. Ме удрија […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2018 20:48
•
Posted by: MK News
По, несаканата бременост 13-годишното девојче закрепнува од абортусот, а нејзинот татко бара адвокат за да му помогне да си го врати старателството над неа, објави Телма. По, несаканата бременост 13 годишното девојче закрепнува од абортусот и се чувствува подобро. Ова изутринава го соопштила на нејзиниот татко прашувајќи го кога ќе може да се врати со […]
______________________________________________________________________________________________________